Ланга или Љанга (со варијантите Л’ка, Ланка, Л’нга, Л’нка, Лак; , Ланка) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот Округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои 14 жители (2021).
Географија Селото се наоѓа на 25 км југозападно од Рупишта, во северните пазуви на на планината Одре.
Историја Во Османлиското Царство Во XV век во Л’нка по име се заведени 54 глави на домаќинствата.Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989. Во османлиските дефтери од средината на XV век Л’нга е спомната со 27 глави на семејствата и еден ерген: Кузман, Никола, Димитри, Мануил, Јанос, Јано, Којо, Димо, Ѓурко, Добри, Михал, Јано, Стајко, Коста, Јано, Добри, Димос, Драгија, Ахил, Јано, Андрија, Ѓурко, Черп (?), Никола, Димо, свештеникот Никола, Стамат и Нихо, и двете вдовици Кала и Евдокија. Вкупниот даночен приход од селото изнесувал 2.366 акчиња.Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 77, 78
Селото изворно било населено со Македонци, но подоцна е напуштено и во него се доселиле Грци Качауни од Епир.
На крајот од XIX век Ланга било грчко качаунскоело во Костурската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лянга (Лѫка) имала 850 жители Македонци. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лак е чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 110 куќи. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Ланга имало 800 Македонци, сите под егзархијата.
Според Тодор Симовски овие статистики са грешни и селото било населено со Грци Качауни.
Грчка статистика од 1905 г. ја покажува Ланга како село со 300 жители.Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Lagga .
Според Георги Константинов Бистрицки Лънга (Лѫка) пред Балканските војни имало 40 грчки куќи, а според Георги Христов и 1 влашка.
Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, во 1910 г. во Ланга (Λάγγα) имало 60 гркојазични семејства, кои, поради местоположбата на селото, активно учествувале во Грчката вооружена пропаганда.
На етничката карта на Костурското братство за 1912 г. Л’нка е означено како грчко село.
Во Грција За време на Балканските војни селото било окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 473 жители кои во 1920 г. се намалиле на 416. Населениеето продолжило да опаѓа, па така во 1928 г. во селото се попишани 329 лица.
+ Месности во Ланга преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Црноки Τσαρνόκι Анилио Ἀνήλιο месност Ј од Ланга Глозидон Γκλόζιδον Ливадија Λιβάδια месност З од Ланга Чалма Τσάλμα Корфица Κορφίτσα врв на Горуша (1.241 м), СИ над Личотер Галешово Γκαλέσοβο Ласпорема Λασπόρεμα река на Одре
Население
Културни и природни знаменитости „Св. Атанасиј“ изградена пред доселувањето на денешните жители од Епир „Св. Никола“ од 1864 г.
Наводи
Категорија:Рупишта