Кримски Планини (; ; ) — планински венец кој се протега напоредно на југоисточното крајбрежје на Крим, на оддалеченост од 8-13 км од Црното Море. На западната страна нагло се спуштаат во морето, а на исток постепено преоѓаат во степски предели.
Составни масиви Составени се од три гребени. Највисок е Главниот, кој се дели на неклку масиви наречени „јајли“:јајла (yayla) е кримскотатарскиот назив за ледина
Бајдарска Јајла Ајпетриска Јајла Јалтска Јајла Никитска Јајла Гурзуфска Јајла Бабуганска Јајла Чатирдашка Јајла Долгоруковска Јајла Демирџи Јајла Караби Јајла
Врвови мини|десно|250п|Внатрешниот и Главниот Гребен со Чатир Даг мини|десно|250п|Поглед на Внатрешниот и Главниот Гребен од Надворешниот Највисокиот врв во Крим е Роман Кош (, ) на Бабуганската Јајла, со висина од 1.545 м. Други поважни врвови се:
Демир Капија (, , ) 1.540 м на Бабуганската Јајла Зејтин Кош (, , ) 1.537 м на Бабуганската Јајла Кемал Егерек (, , ) 1.529 м на Бабуганската Јајла Еклизи Бурун (, , ) 1.527 м на Чатирдашката Јајла Лапата (, , ) 1.406 м на Јалтската Јајла Северен Демирџи (, , ) 1.356 м на Демирџи Јајла Ај Петри (, , ) 1.234 м на Ајпетриската Јајла.
Превои Најважни планински превои на Крим се следниве:
Ангарски Превој кај Перевалне, на патот од Алушта за Симферопол Бајдарска Врата кај Форос, кој ја поврзува Бајдарската Долина со морскиот брег Ласписки Превој кај ’ртот Аја, на патот од Јалта за Севастопол.
Реки Значајни реки на Кримските Планини се Алма, Чернаја и Салгир на северните падини и Учан Су на јужните која го образува истоимениот популарен водопад.
Археологија Во пештерскиот систем Буран Каја на Кримските Планини се пронајдени остатоци од најстариот анатомски современ човек во Европа. Фосилите се стари 32.000 години, а придружните предмети се сметаат за поврзани со Граветската култура. На останките се забележуваат засеци од посмртен обред, во кој е сечено месо од мртовецот.
Поврзано Географија на Крим
Наводи
Надворешни врски
Туризам на Кримските Планини Контролно-спасувачка служба на Крим
Категорија:Географија на Крим Категорија:Планински венци во Русија Категорија:Планински венци во Украина