Горуша или Војнова Планина (, Војо) — планина во југозападниот дел на Костурскиот и западниот дел на Кожанскиот Округ во Егејска Македонија, денес Грција. Претставува дел од поголемиот венец Пинд Долга е 25-30 и широка околу 15 км. Највисоката точка е на 1.806 м. Прекриена е со густа шума и слабо е населена. Соседни планини се Грамошта на запад и Смолика на југозапад. Во правец север-југ планината минува по границата меѓу општините Нестрам (на запад) и Горуша (на исток). Горуша ја дели Егејска Македонија на север и исток од Епир на запад.

На северозапад Горуша преминува во Грамошта. На север е долината на реката Бистрица со Нестрамско и селото Нестрам. На североисток е областа Костенарија со селата Вичишча, Ланга и Скумско. На југоисток се наоѓа општината Горуша. На југ е планината Василица. На запад е долината на реката Сарандопор во Епир со селата Борботско и Котелци.

Поврзано Горуша (општина) — наречена по планината Костур (округ) Кожани (округ)

Наводи

Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Нестрам Категорија:Горуша (општина) Категорија:Пинд