Џек Бобриџ (; р. во Аделаида) — поранешен австралиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2010-2016.

Кариера

Бил четврти како дел од австралискиот состав за екипна потера на Олимпијадата 2008, губејќи од Нов Зеланд во борбата за бронзата.

Во мај 2009 година, Бобриџ потпишал со , започнувајќи од 1 јануари 2010 со важност до 2012 година. Ја напуштил екипата на крајот на 2011 година и му се приклучил на за сезоната 2012. Бобриџ го напуштил на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на на двегодишен договор од сезоната 2013.

Во септември 2009 година победил на хронометарот под 23 години на Светските друмски првенства.Bobridge wins u23 world TT title Во јануари 2011 станал национален друмски првак. На 2 февруари 2011 поставил нов светски рекорд на писта во дисциплината поединечна потера 4 км.Bobridge breaks Boardman's record Бобриџ бил носител на стипендија на Австралискиот институт за спорт.AIS Athletes at 2010 Commonwealth Games

Во ноември 2014 година, Бобриџ бил најавен како дел од составот на екипата Тим Баџет Форклифтс за 2015 година, заедно со Лук Дејвисон, Глен О’Ши, Скот Сандерленд и Мичел Мулхерн, возејќи домашни трки со насочување кон велодромскиот велосипедизам и подготвување за настапите на Летните олимписки игри 2016.

Бобриџ ја освоил воведната етапа на Тур Даун Андер 2015. Го изгубил водството на третата етапа, но ја завршил трката со маичката во планинскиот пласман. На 31 јануари 2015 година, Бобриџ се обидел да го урне светскиот часовен рекорд во Мелбурн. Извозел 51,3 километри, што било пократко од рекордот 51,852 километри. Меѓутоа, го сруши австралискиот национален часовен рекорд на Бред Мекги од 50,3 километри, кој постоел од 2000 година. Во септември 2015 година било објавено дека Бобриџ ќе се врати во екипа од Светската турнеја во 2016 година, потпишувајќи едногодишен договор со . Бобриџ е моментален австралиски друмски првак.

Бобриџ го најавил своето повлекување од велосипедизмот во ноември 2016 година. Неговото повлекување било поради ефектите од ревматскиот артритис кој му бил првин дијагностициран во 2010 година.

Достигнувања Велодромски

2006 1. 20п Светско јуниорско велодромско првенство - екипна потера 2007 1. 20п Светско јуниорско велодромско првенство - екипна потера 1. 20п Национално велодромско првенство - екипна потера 1. 20п Национално велодромско првенство - медисон 2008 1. Светски велодромски куп Лос Анџелес - екипна потера 2009 1. 20п Национално велодромско првенство - поединечна потера 1. Океански првенства - поединечна потера 1. Океански првенства - екипна потера 2010 1. 20п Светско велодромско првенство - екипна потера 1. 15п Комонвелтски игри - поединечна потера 3. 15п Светско велодромско првенство - поединечна потера 2011 1. 20п Светско велодромско првенство - екипна потера 1. 20п Светско велодромско првенство - поединечна потера 1. Светски велодромски ранкинг - поединечна потера 2012 2. 20п Олимписки игри - екипна потера 2. 15п Светско велодромско првенство - екипна потера 2. 15п Светско велодромско првенство - поединечна потера 2015 2. 15п Светско велодромско првенство - поединечна потера 2016 2. 20п Олимписки игри - екипна потера

друмски

2007 3. Краен пласман Трка на реката Мареј 2009 1. 20п Светско хронометарско првенство под 23 години 1. 20п Национално друмско првенство под 23 години 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 1. Трка околу Франкфурт под 23 години 1. Трка околу Франкфурт под 23 години 3. Краен пласман Трка околу Тирингија 1. Етапа 2 1. Етапа 5 7. Краен пласман Трка околу Јапонија 1. Етапа 4 1. Етапа 6 2010 1. Етапа 5 Енеко Тур Бенелукс 5. Краен пласман Делта Тур Зеланд 2011 1. 20п Национално друмско првенство 2. Краен пласман Хералд Сан Тур 2015 1. 20п Планински пласман Тур Даун Андер 1. Етапа 1 2016 1. 20п Национално друмско првенство 4. Краен пласман Хералд Сан Тур

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка201020112012201320142015201620п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија ЏироСО—СОСО——15620п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур———————20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта———————

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Австралиски велосипедисти Категорија:Велодромски велосипедисти Категорија:Олимписки велосипедисти на Австралија Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Светски прваци во велосипедизам Категорија:Олимписки сребрени медалисти за Австралија Категорија:Олимписки медалисти во велосипедизам Категорија:Луѓе од Аделаида