Феодосија (; ; порано Теодосија — пристаништен и одморалиштен град во Република Крим, Русија, на брегот на Црното Море. Во минатото се нарекувал Кафа (Caffa, Kaffa), a на кримскотатарски до денес се нарекува Кефе (Kefe).

Како и целиот Крим, припадноста на градот е предмет на спор помеѓу Русија и Украина, која сè уште ја смета за сопствена територија.

Историја

Теодосија

Градот е основан како село „Теодосија“ () од грчки колонисти од Милет во VI век п.н.е. и се прочул по плодното земјиште и богатиот род кој се тргувал по средоземјето. Уништено е од Хуните во IV век.

Во следните девет века, Теодосија останала мало село. Во извесни периоди влегувало во сферата на влијание на Хазарите и Византија.

Како и целиот Крим, селото потпаднало под власта на Кипчаците, а во 1230-тите станало монголско владение.

Кафа ВО периодите 1204–61 и 1296–1307, со градот Кафа владеела Венеција — главниот соперник на Џенова. Кон крајот на XIII век, ценовјаните го откупиле градот од Златна Орда. Од него направиле многу успешен трговски и администратицен центар на џеновските владенија на црноморското крајбрежје и имале монопол на сета трговија во регионот. Во него се развил еден од најголемите пазараи на робови во Европа. На чело на Кафа и џеновските колонии стоел конзул.

Се смета дека првиот бран на разорната епидемија на чума во Европа е донесена од Кафа во 1347 г., со движењата на Златната Орда, нивните битки и заземањето на населените места на крајбрежјето. Оттука таа се проширила преку поморските и копнените трговски патишта кон Европа.

Кефе

Во 1462 г. Кафа се ставила под заштита на полскиот крал Казимир IV, но Полска не понудила помош кога дошла вистинската опасност. Бидејќи џеновјаните почнале да се мешаат во внатрешните работи на Кримското ханство, кое било осмалинско вазалство, османлискиот заповедник Гедик Ахмед-паша го зазел градо во 1475 г., иселувајќи го сето население во Истанбул, во реонот потоа наречен Кефели Маало. Градот станал еден од најважните турски пристаништа на Црното Море и го добил името „Кефе“.

Во 1615 г. Запорошките Козаци под водство на хетманот Петар Конашевич Сагајдачни ја уништиле турската флота и ја зазеле Кафа и ги ослободиле жителите кои биле робови.

Повторно Теодосија Во 1783 г. Руската Империја го освила целиот Крим и ги протерала Османлиите. Градотго добил името Феодосија (Феодосия), што е руска варијанта на старогрчкото име.

За време на Втората светска војна градот бил под окупација на Германците и претрпел големи штети во војувањето. Во 1941 г. специјалните единици на СА ги ликвидирале сите 3.248 Евреим за кои денес постои споменик.Martin Gilbert, The Routledge Atlas of the Holocaust, 2002, стр. 64, 83

Во 1954 г. градот влегол во Украинската ССР заедно со целиот Крим, а во 1991 до 2014 г. бил во состав на АР Крим во независна Украина. Во март 2014 г., населението на Крим изгласало одвојување од Украина и полуостровот влегол во состав на Руската Федерација како Република Крим. Украина сè уште не го признава Крим за дел од Русија, и покрај изгласаниот референдум и со тоа Феодосија ја смета за дел од Украина.

Географија мини|десно|Улицата „Земскаја“ Клима Климата е сува и може да се опише како влажна суптропска или полусува, но не како средоземна, бидејќи нема забележлив тренд на суша во текот на летото.

Феодосија денес Денес Феодосија е одморалиштен град со население од 85.000 жители. Има плажи, минерални и калливи бањи и одморалишта. Покрај туризмот, главни стопански гранки се земјоделството и рибарството, со придружна преработувачка индустрија. Како и најголемиот дел од Крим, највеќето жители се Руси и преовладува рускиот јазик.

Позната природна знаменитост на Феодосија е Златната Плажа, која има карактеристична боја и изглед, и е долга 15 км.

Во текот на зимата, градот има многу помалку жители, претежно поради неактивноста на угостителските капацитети. Најголемиот дел од туристите се од земјите на ЗНД.

Поважни културно-историски знаменитости се Гаалеријата на Иван Ајвазовски и Џеновската тврдина Кафа.

Збратимени градови мини|десно|Споменик во чест на побратимските односи помеѓу Феодисија и Кронштат

1996: Харков, Украина 1999: Самара, Русија 2002: Кајлар, Егејска Македонија, Грција 2002: Ставропол, Русија 2002: Курск, Русија 2002: Донецк, Украина 2003: Шевченковски реон, Киев, Украина 2003: Николаев, Украина | 2003: покраина Бергамо, Италија 2006: Азов, Русија 2007: Колобжег, Полска 2007: Источен административен округ, Москва, Русија 2008: Северодвинск, Россия 2008: Армавир, Ерменија 2010: Ашкелон, Израел 2010: Кронштат, Русија 2011: Алушта, Русија

Познати личности мини|исправено|десно|Иван Ајвазовски (1817-1900) Иван Ајвазовски — руски поморски сликар од ерменско потекло Роман Капитоненко — украински боксер Анджеј Личик — украинско-полски боксер Виска — порно-глмица

Поврзано Феодосија (општина)

Наводи

Литература

Надворешни врски

Портал на градската управа на Феодосија Стара Феодосия Инфопортал за Феодосија Историски преглед на Феодосија

Категорија:Градови во Крим Категорија:Старогрчки градови Категорија:Населени места основани во 6 век п.н.е.