Голем Кавказ (; ; ) — главен планински венец во состав на Кавкаските Планини.

Се протега во должина од 1.200 км од запад-северозапад до исток-југоисток, и тоа помеѓу Таманскиот Полуостров на Црното Море и Апшеронскиот Полуостров на Каспиското Езеро: од Западен Кавказ во околината на Сочи до североисточниот црноморски брег и досега речиси до Баку на каспискиот.

Венецот се дели на три дела:

Западен Кавказ — од Црното Море до Елбрус Централен Кавказ — од Елбрус до Казбек Источен Кавказ — од Казбек до Каспиското Езеро

Во повлажниот Западен Кавказ, планините се прекриени со шуми (листопадна до 1.500 м, иглолисна до 2.500 м и планински тундри над шумската граница). На Источен Кавказ климата е посува, па затоа планините немаат дрвја.

Европско-азиска граница Вододелницата на Кавказ се смета и за граница помеѓу Источна Европа и Западна Азија. Европскиот дел северно од вододелницата се нарекува Северен Кавказ, а азискиот на југ е Јужен Јавказ (Закавказје)."Journey in the Caucasus", Proceedings of the Royal Geographical Society, Volumes 13-14, 1869.

Границата на Русија со Грузија и Азербејџан се протега долж најголемиот дел од Кавказот. Низ венецот минува Грузискиот воен пат (Даријалска Клисура) и Закавкаската магистрала, на височини преку 3.000 м.

Вододелница Вододелницата на Кавказ, Катвказјето во состав на Руската Империја на север и Отоманско Царство и Персија на југ, сè до победата на Русија во 1813 г. и Ѓулистанскиот договор, со кој границата на Русија се поместила длабоко во Закавказјето.Encyclopædia Britannica o 1833, vol 5, p. 251. Границата помеѓу Русија и Грузија до денес точно ја следи вододелницата (со исклучок на мало тесно парче територија во Мцхета-Мтијанетија и северозападен Кахети, каде Грузија се протега посеверно), додека пак североисточниот агол на Азербејџан има пет округа северно од вододелницата (Шабран, Хачмаз, Кусар, Сијезен, Куба).

Врвови мини|десно|320п|Грузиска црква „Св. Троица“ со Казбек во позадина Елбрус, 5.642 м, (највисока планина во Европа) Дихтау, 5.205 м, Шхара, 5.201 м, Коштантау, 5.151 м, Шота Руставели, 4.859 м, Казбек, 5.047 м, Тебулосмта, 4.493 м, Диклосмта, 4.285 м, Базардузу, 4.466 м, Бабадаг, 3.629 м, Катинтау, 4.979 м, Пушкин, 5033 м, Џангитау, 5.051 м, Тетнулд, 4.858 м, Ушба, 4.710 м, Ајлама, 4.525 м,

Превои Даријалски Марухиски () Клухорски (2.786 м, ) Мамисонски (2.820 м, ) Џвриски (2.379 м, ) Дурбарски (2.209 м, )

Долини мини|600п|Снежните врвови на Голем Кавказ Баксан Донгузорун Јусенги Адилсу Ирик Адирсу Киртик Силтрансу

Поврзано Мал Кавказ

Наводи

Категорија:Планински венци во Азербејџан Категорија:Планински венци во Грузија Категорија:Планински венци во Русија Категорија:Географија на Кавказ