Надворешен отвор на мочен канал — отвор кој се наоѓа во надворешните полови органи кај мажот и жената. Кај мажот, отворот се наоѓа на врвот на главата на пенисот, а кај жената се наоѓа зад дразницата од вагината. Низ отворот се исфрлува урината.

Мажи Кај мажите отворот се наоѓа на врвот на главата на пенисот. Отворот е долгнавест и поставен вертикално. Отворот зависи од маж до маж. Несоодветната поставеност на отворот се нарекува хипоспадија. Во таков случај, отворот е поставен под главата на пенисот. Ако отворот е поставен на горниот дел од пенисот тогаш таа состојба се нарекува еписпадија.

Жени Кај жените, отворот се наоѓа 2.5 см позади главата на дразницата и веднаш пред вагината.

Дијаграми

Поврзано Глава на пенис Мочен канал Вагина

Надворешни врски

Категорија:Вагина Категорија:Пенис