Аријана Гранде-Бјутера (, 26 јуни 1993) — американска пејачка, глумица и текстописец. Се смета за поп-икона и влијателна фигура во забавната музика. Препознатлива е по нејзиниот вокален дијапазон од четири октави. Гранде во текот на нејзината кариера добила многу признанија, меѓу кои: две Греми награди, една награда Брит, две музички награди од Билборд, три Американски музички награди, девет MTV видео музички награди, а соборила 36 Гинисови рекорди. Ролинг стоун ја прогласил за една од најдобрите пејачи на сите времиња.
Со продадени над 90 милиони плочи, Аријана Гранде се вбројува меѓу музичарите со најмногу продадени албуми; сите нејзини студиски албуми биле сертифицирани со најмалку платинест тираж од Здружението на музички сниматели на Америка (RIAA). Вкупно има собрано 98 милијарди стримови, а со тоа Гранде е меѓу најстримуваните музичари на сите времиња и најстримувана музичарка (со податоци до 2021 година). Таа била најстримувана жена-изведувач во 2010-тите и во женска конкуренција има најмногу песни со преку милијарда стримови (вкупно 14 песни) на Spotify. Гранде има многу следбеници на социјалните мрежи; со над 380 милиони следбеници, таа е шеста најследена личност на Инстаграм и една од најпретплатените и најследените музичари на YouTube и Spotify. Од списанието Билборд била прогласена за жена на годината (2018) и за најуспешна музичарка која ја започнала кариерата во 2010-тите; се нашла на многу списоци, како: годишниот список за влијателни личности Time 100 (2016 и 2019), годишната листа на Форбс од 100 најмоќни луѓе (2019-2020) и била највисоко рангирана музичарка на списокот од „Музичари со најголеми приходи“ од Форбс (2020).
Аријана Гранде, покрај музичката и филмската кариера, соработувала со многу добротворни организации и се залагала за правата на животните, душевното здравје и родова, расна и ЛГБТ еднаквост. Во 2021 година го лансирала козметичкиот бренд R.E.M. Beauty.
Детство
Гранде е родена и израсната во Бока Ратон, Флорида. Ќерка е на Џоан и Едвард Гранде. Френки Гранде е нејзин постар полубрат, кој исто така е глумец. Таа има италијанско потекло.Профил на Твитер Нејзините родители се разделиле кога таа имала осум или девет години.
Како мало дете, Гранде настапувала со Детскиот театар од Форт Лодердејл, а прва улога ѝ била глумењето на сирачето Ени во мјузиклот Ени. Во детскиот театар глумела и во претставите: Волшебникот од Оз и Убавицата и ѕверот. На осумгодишна возраст, таа пеела во караоке-салон на брод за крстарење и пеела со различни оркестри како: Филхармонијата на Јужна Флорида, Флорида Саншајн Попс и Симфониски оркестри. Во тоа време, таа учела во училиштето „Пајн Крест“, а подоцна и во подготвителното училиште „Норт Броуард“.
Кариера
2008–2013: Почетоци и Никелодеон Кога пристигнала во Лос Анџелес за да се сретне со нејзините менаџери, таа изразила желба да сними R&B албум: „Им реков во смисла: „Сакам да направам R&B албум“, а тие изреагираа како „Хм, многу високо целиш. Кој ќе купи R&B албум од 14-годишно дете?!“ Гранде го остварила своето глумечко деби во 2008 година во улогата на Шарлот во мјузиклот на Бродвеј "13". Во 2010 година го создала лик Миријам при читање на новиот мјузикл "Cuba Libre", во авторство на Дезмонд Чајлд. лево|мини|Гранде на кинофестивалот Трибека во 2010 година Во 2009 година Гранде била избрана да глуми во телевизиската серија на Nickelodeon, Побединичка. Во ситкомот, со дејство сместено во средно училиште за сценски уметности, таа ја глумела Кет Валентајн - слатко, наивно и секогаш насмеано девојче. За оваа улога таа морала секоја втора недела да ја бојадисува косата во црвено, по што сериозно ѝ се оштетила. Емисијата премиерно почнала да се прикажува во март 2010 година, а првата епизода ја следеле 5,7 милиони гледачи. Улогата ѝ помогнала Гранде да стекне статус на тинејџерски идол, но таа повеќе била заинтересирана за музичка кариера и рекла дека глумата е „забавна, но музиката отсекогаш беше на прво место за мене“. За време на снимањето на Победничка, Гранде направила неколку снимки на кои пеела преработки на песни од Адел, Витни Хјустон и Мараја Кери и ги поставила на YouTube. Извршниот директор од Republic Records водел едно од видеата и импресиониран од нејзиниот глас ѝ понудил договор за снимање. Во ноември 2011 година Гранде го позајмила гласот на главниот лик во англиската синхронизација на анимираниот филм на шпански јазик, Снегулка, белата горила. Од 2011 до 2013 година, ја глумела принцезата Дијапро во Винкс клуб.
Во декември 2011 година, Гранде го издала нејзиниот прв сингл, „Put Your Hearts Up“, снимен за нејзин тинејџерски поп-албум кој не бил издаден. На вториот саундтрак од Победничка, Victorious 2.0, објавен на 5 јуни 2012 година, таа ако дел од екипата на емисијата ја испеала песната „5 Fingaz to the Face“. Третиот и последен саундтрак, Victorious 3.0, бил објавен на 6 ноември 2012 година, во кој Гранде и Викторија Џастис ја испеале песната „LA Boyz“, а придружното музичко видео било објавено набргу потоа. Во декември 2012 година, Гранде соработувала со британскиот пејач Мика и во дует ја испеале на сингл-верзијата на „Popular Song“.
Гранде ја глумела Снежана во театарскиот мјузикл во пантомима-стил, Божик со Снежана (англ. A Snow White Christmas) во театарот во Пасадена. Таа ја глумела Аманда Бенсон во филмот Измама (англ. Swindle), филмска адаптација од 2013 година од истоимената книга за деца. Во меѓувреме, Nickelodeon ја создала Сем и Кет, спин-оф на iCarly и Победничка со Џенет Мекарди и Аријана Гранде во главните улоги. Гранде и Мекарди ги повториле нивните улоги како Кет Валентин и Сем Пакет во кој тие се цимерки кои основаат компанија за чување деца.
2013–2015: Први албуми: Yours Truly и My Everything мини|Аријана Гранде во 2013 На 30 август 2013 година, Гранде го издала нејзиниот прв студиски албум Yours Truly. Албумот дебитирал на прво место на американската топ-листа за албуми Билборд 200. Yours Truly, исто така, дебитирал во топ-10 во неколку други земји, вклучувајќи ги: Австралија, Обединетото Кралство, Ирска и Холандија. Водечкиот сингл "The Way", во соработка со раперот од Питсбург, Мек Милер, дебитирал на десетто место на Билборд Хот 100. Подоцна од албумот биле објавени сингловите: "Baby I" (јули 2013) и "Right There" (август 2013) во соработка со раперот Биг Шон.
Гранде го снимила дуетот „Almost Is Never Enough “ со Нејтан Сајкс од The Wanted, кој бил издаден како промотивен сингл во август 2013 година. Таа му се придружила на Џастин Бибер за три концерти од неговата турнеја Believe Tour, а потоа ја започнала нејзината мини-турнеја, The Listening Sessions. На Американските музички награди во 2013 година, Гранде ја освоила наградата „Нов изведувач на годината“. Во декември 2013 година го издала Christmas Kisses, божиќно EP со четири песни. Гранде ја добила наградата „Музички пробив на годината“ од Музичкото деловно здружение. Во јануари 2014 година, Гранде почнала да го снима нејзиниот втор студиски албум, за кој соработувала со пејачот и текстописец Рајан Тедер и продуцентите Бени Бланко и Макс Мартин. Истиот месец, ја добила наградата „Омилен извонреден изведувач“ на Наградите по избор на народот.
Гранде го издала нејзиниот втор студиски албум My Everything на 25 август 2014 година и тој дебитирал на врвот на Билборд 200. Водечкиот сингл од албумот, „Problem“, дебитирал на трето место (потоа се искачил на второ место) на Billboard Hot 100. Вториот сингл од албумот, „Break Free“, во соработка со германскиот музичар Зед, се искачил на четврто место во Соединетите Држави. Таа ја извела оваа песна на отворањето на МТV Video музичките награди во 2014 година на кои за песната „Problem“ ја освоила наградата „Најдобро поп-видео“. Гранде и Ники Минаж биле гости-пејачки на песната „Bang Bang“, водечки сингл од албумот Sweet Talker од Џеси Џеј, кој се искачил на прво место во Обединетото Кралство. Со сингловите „Problem“, „Break Free“ и „Bang Bang“, Гранде ѝ се придружила на Адел како единствен женски изведувач кој истовремено има три синглови во топ-10 на Billboard Hot 100.
Дискографија
Yours Truly (2013) My Everything (2014) Dangerous Woman (2016) Sweetener (2018) Thank U, Next (2019) Positions (2020) Eternal Sunshine (2024) Petal (2026)
Филмографија
Лак за коса во живо! (2016) Не гледај нагоре (2021) Злобничка (2024) Злобничка 2 (2025)
Видеографија
Спот Година Режисер Put Your Hearts Up 2012 Џереми Алтер The Way 2013 Џонс Кроу Popular Song 2013 Крис Марс Пилиеро Almost Is Never Enough 2013 Нев Тодоровиќ Baby I 2013 Рајан Палота Right There 2013 Нев Тодоровиќ Problem 2014 The Young Astronauts Break Free 2014 Крис Марс Пилиеро Bang Bang 2014 Хана Лукс Дејвис Don't Be Gone Too Long 2014 Крис Браун Love Me Harder 2014 Хана Лукс Дејвис Santa Tell Me 2014 Алфредо Флорес/Џонс Кроу One Last Time 2015 Макс Лендис E Più Ti Penso 2015 Гаетано Морбиоли Focus 2015 Хана Лукс Дејвис Dangerous Woman 2016 The Young Astronauts Let Me Love You 2016 Грант Сингер/Матијас Into You 2016 Хана Лукс Дејвис Side to Side 2016 Хана Лукс Дејвис Faith 2016 Алан Биби Everyday 2017 Крис Марс Пилиеро Beauty and the Beast 2017 Дејв Мајерс No Tears Left to Cry 2018 Дејв Мајерс The light is coming 2018 Дејв Мајерс God Is a Woman 2018 Дејв Мајерс breathin 2018 Хана Лукс Дејвис thank u, next 2018 Хана Лукс Дејвис 7 rings 2019 Хана Лукс Дејвис break up with your girlfriend, i'm bored 2019 Хана Лукс Дејвис Rule The World 2019 Себастијан Сдаигуи in my head 2019 Бардиа Зеинали boyfriend 2019 Хана Лукс Дејвис Don't Call Me Angel 2019 Хана Лукс-Дејвис Rain On Me 2020 Роберт Родригес positions 2020 Дејв Мејерс 34+35 2020 Дејв Мејерс 34+35 (remix) 2021 Стефан Кохли Save Your Tears (Remix) 2021 Џек Браун It Was A…(Masked Christmas) 2021 Дан Опсал yes,and? 2024Кристијан Бреслауер we can't be friends 2024Кристијан Бреслауер the boy is mine 2024Кристијан Бреслауер Supernatural 2025Кристијан Бреслауер Twilight Zone 2025Кристијан Бреслауер Hampstead 2025Кристијан Бреслауер Hate That I Made You Love Me 2026Кристијан Бреслауер Petal 2026Кристијан Бреслауер
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Телевизиски глумци Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Американски пејачи Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски поп-пејачки Категорија:Добитници на MTV Europe музички награди Категорија:Добитници на Греми Категорија:Добитници на Британски музички награди Категорија:Американски кантавторки Категорија:Италоамериканци Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Американски електронски музичарк Категорија:Пејачи со вокален дијапазон од 4 октави Категорија:Пејачи од Флорида Категорија:Пејачи со попреченост Категорија:Американски денс-поп-музичари Категорија:Сведоци на криминал Категорија:Кабалисти Категорија:Американски телевизиски глумици Категорија:Американски сопрани Категорија:Американски театарски глумици Категорија:Американски глумци со попреченост Категорија:Глумици од Флорида