Кале — археолошко наоѓалиште во битолското село Трново. Претставува населба од железно и доцноантичко време. Се наоѓа на околу 1 км источно од селото, на падините на Баба Планина, на тешко пристапна височинка со зарамнето плато кое опфаќа површина од 70 × 80 м, каде се гледаат траги од одбранбен бедем. Спорадично се среќаваат фрагменти од керамички садови од железното време, како и керамички садови, питоси и градежен материјал од доцноантичкото време.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Трновски Лозја — некропола од римско време; Трново; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Трново (Битолско)