Самовилец — археолошко наоѓалиште во битолското село Црнобуки. Претставува населба од железно време. Се наоѓа на 1,5 км североисточно од селото и на 1 км северно од античкото наоѓалиште Градиште, каде се гледа траса од одбранбен бедем кој зафаќа површина од 50 × 80 м. По површината се среќава множество фрагменти од керамички садови. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Варварица — некропола од доцноантичко време; Градиште — населба од хеленистичко и доцноантичко време; Гулев Рид — населба од римско време; Св. Димитрија — осамени наоди од римско време; Тумба — населба од неолитско и бакарно време Под Селото — населба од римско време; Црнобуки — депо на монети од средниот век; Црквиште — наоѓалиште од непознат тип и период;Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678 Црнобуки; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Црнобуки