Крсто (Крсте) Трајков, познат и како Крсто РесенскиБорис Николов: ВМОРО — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.57, ― македонски национален деец и револуционер, деец на ВМРОКратка биографија на Крсто Трајков. Првин дејствува како четник во Охридско, а потоа е назначен за околиски војвода во Преспа.
Животопис Крсте Трајков е роден в ресенското село Горно Крушје. Се вклучил во дејноста на ВМОРО заедно со неговиот брат Иван Трајков (убиен во 1905 година).
3а време на Илинденското востание, тој дејствувал како војвода во Преспа и води многу битки против османлиската војска кај Горно Крушје, Лева Река, Кривени, Болно, а кај Волкодери (заедно со Георги Шкорнов) е тешко ранет, но успева да избега. Во 1904 г. е четник во четата на Спиро Олчев. Од 1905 е околиски војвода в Ресенско. Во 1906 година се cлучуваат судири меѓу Крсто Трајков, како сарафист, и Битолскиот округСониксен, Алберт, „Исповед на еден македонски четник“. Во Првата балканска војна во 1912 година е војвода на партизанска чета бр. 56 на Македонско-одринското ополчение, со којашто го зазема Ресен. Подоцна учествува и во Втората балканска војна.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главна управа на архивите, 2006, стр. 726, 893.Димитър Гоцев: Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издава БАН, Софија, 1981, стр. 21.
По окупацијата на Вардарска и Егејска Македонија од страна на Србија и Грција, Трајков со четата се вклучува во отпорот на ВМРО кон тоаДимитър Гоцев: Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издава БАН, Софија, 1981, стр. 133.. Во 1919 година е уапсен од српските власти и три години поминува во затвор.Борис Й. Николов: Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, Софија, 2001, стр. 170-171.
ляво|мини|250п|Милан Матов и окружните војводи на ВМОРО по Младотурската револуција, јули 1908 г. (одлево надесно): прв ред (седнати) - Трајко Зојката, Крсте Маликов, Славчо Пирчев, Ангел Базернички, Божин В‘лчев; втор ред - Димко Драговчето, Крсте Љондев, Блаже Крстев Биринчето, Милан Матов, Крсте Трајков, Крсто Алексов; трети ред (прави) - Ѓурчин Петров, Георги Ралев, Никола Досев, Коста (Петре) Костурски, Димко Богов, Петар Христов, Лазар Цириов, Стојан Мариовчето.
После ослободувањето заминува за Бугарија, а оттаму, во 1923 година во САД, каде што учествува во организацијата на новосоздадената Македонска патриотска организација. На 24 септември 1930 г. Трајков испратил писмо до Централната управа на МПО во Индијанаполис, САД, во кое бара востановување на одделна македонска црква. Тука, тој јасно и експлицитно ја нагласува посебноста на македонскиот народ истакнувајќи ги етничките и етногенетските разлики меѓу Македонците, Бугарите, Србите итн.:
По враќањето во Бугарија, на почетокот од 1930-те година, станува еден од повидните дејци на михајловистичкото крило на ВМРО. По превратот од 1934 година, како и други дејци на распуштената ВМРО, е уапсен од новата власт.
По бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Трајков се враќа во Македонија.в. Илустрација Илинден, ноември 1941, година 13, книга 9 (129), стр. 14. Се вклучува во организирањето на Бугарските акциони комитети и е претседател на Ресенскиот комитет.Църнушанов, Коста, „Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него“, УИ "Св. Климент Охридски", София, 1992 Избран е и во месниот одбор на Илинденската организација и е поставен за градоначалник на Ресен.[Сотир Нанев: „МАКЕДОНИЯ 1941 Възкресението“]. Умира по тешко боледување на 7 јануари 1942 година во Ресен, тогаш во Царство Бугарија. Погребан е со почести во храмот „Св. Св. Кирил и Методиј“.
Неговиот син Борис Трајков е убиен во 1944 година од новите комунистички власти на островот Голем Град во Преспанското Езеро, обвинет како соработник на бугарските власти.Агенция Фокус, „Панде Ефтимов: Българските войници са погребвани в македонските села, защото са се били за своя земя, на своя земя“
Галерија
Наводи
Категорија:Луѓе од Горно Крушје (Ресенско) Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Дејци на МПО Категорија:Починати во Ресен Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Родени во 1865 година Категорија:Починати во 1942 година