Никица Калоѓера (, р. 19ти мај 1930 во Белград - п. 27ми јануари 2006 во Загреб) е хрватски композитор на забавна музика, диригент, аранжер и продуцент.

Во својата долгогодишна кариера, Калоѓера има напишано преку илјада композиции, а е и добитник на многубројни награди и признанија. Првата плоча ја снима во 1952 година заедно со Иво Робиќ за дискографската куќа Југотон. Калоѓера исто така компонира и филмска музика, како и музика за театар, телевизиски драми и серии.

Завршува Музичка академија, а потоа и докторира на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Загреб. Работи кратко како лекар во болницата „Свети Дух“ во Загреб, пред повторно да ѝ се врати на музиката.

Награди и признанија

Добитник е на многубројни југословенски, хрватски и меѓународни награди. Меѓу поважните се издвојуваат:

1970 - Шампион на Мидем () 1970 - Прва награда на Песничката олимпијада во Атина () 1971 - Прва награда на фестивалот во Виња дел Мар () 1995 - Награда за животно дело од Хрватското друштво на композитори 1996 - Награда за животно дело на Сплитскиот фестивал на забавна музика 2001 - Награда Порин за животно дело

Филмографија

1965 - „Човек од светот“ () 1968 - „Голиот човек“ () 1970 - „Пат кон рајот“ () 1972 - „Лов на елени“ () 1974 - „Капетанот Микула Малиот“ ()

Категорија:Хрватски музичари Категорија:Хрватски композитори Категорија:Југословенски музичари Категорија:Родени во 1930 година Категорија:Починати во 2006 година Категорија:Погребани на гробиштата „Мирогој“