Adobe Photoshop (транскрипција: Адоби фотошоп) — графичка програма за уредување којашто ја создадоа и објавија „Adobe Systems“.

Ребрендирањето на „ Creative Suite“ од 2003 година на „Adobe“ доведе до преименување на „Adobe Photoshop 8“ во „Adobe Photoshop CS“. На тој начин, „Adobe Photoshop CS6“ стана 13-то големо издание на „Adobe Photoshop“. Ребрендирањето на „CS“ доведе и до тоа „Adobe“ да нуди бројни софтверски пакети кои содржат многубројни програми „Adobe“ за намалена цена. „Adobe Photoshop“ има две изданија: „Adobe Photoshop“, и „Adobe Photoshop Extended“, со што во втората дополнително има можност за создавање слики во 3D, уредување графици во движење и напредни одлики за анализи на слики. „Adobe Photoshop Extended“ го има во сите понуди на „Adobe Creative Suite“ освен во „Design Standard“, кој го вклучува изданието на „Adobe Photoshop“. Сепак, во 2013 година, „Adobe“ објави нов бренд – „Creative Cloud“, а верзијата на „Photoshop“ која се јавува како дел од овој пакет се нарекува „Photoshop CC“. Верзијата „CC“ ( оригинално 14.0, што постојано ќе се одржува и надоградува) има 3D-содржина како „Photoshop Extended“, што значи дека стандардната верзија се укинува.

Заедно со „Photoshop“ и „Photoshop Extended“, „ Adobe“ ги објавува и „Photoshop Elements“ и „Photoshop Lightroom“, заедно наречени „"Фамилија Adobe Photoshop"“. Во 2008 година, „Adobe“ го издаде „Adobe Photoshop Express“, бесплатна алатка за уредување слики заснована на мрежа која овозможува да се уредуваат слики дирекно на блогови и социјални мрежи. Во 2011 година, излезе верзија за оперативниот систем „Android“ и за „iOS“. Потоа, во 2013 година, следуваше верзија за „Windows 8“.

„Adobe“ ја испорачуа „Photoshop“ на верзиите на „Windows“ и на „Macintosh“.

Почетоци Во 1987 година, Томас Нол, студент на докторски студии на Универзитетот во Мичиген почна да програмира програма на својот „Macintosh Plus“ за да покаже црно-бела слика на монохроматски монитор. Оваа програма, наречена „Display“, му го привлече вниманието на брат му Џон Нол, вработен во „Industrial Light & Magic“, кој му препорача на Томас таа програма да ја претвори во целосно оформена програма за уредување слики. Во 1988 година, Томас, своите студии ги стави во мирување во време од шест месеци за да работи на програмата заедно со брат му. Томас ја преименуваше програмата во „ImagePro“, но името веќе беше зафатено. Подоцна, истата година, Томас ја преименуваше својата програма во „Photoshop“ и со производителот на скенер Барнискен склучи краткорочен договор за дистибуција на копии од програмата со помош на оптички читач. На овој начин „беа испорачани вкупно околу 200 копии од програмата Photoshop“.

За тоа време, Џон оди во Силициумска Долина и им ја покажува програмата на инженерите на „Apple“ и на уметничкиот директор на „Adobe“, Расел Браун. И двете презентации беа успешни, па „Adobe“ одлучи да ја купи лиценцата за дистрибуција во септември 1988 година. Додека Џон работеше на додатоци во Калифорнија, Томас остана во Ен Арбор да кодира. „Photoshop 1.0“ излезе на 19 февруари 1990 година само за „Macintosh“. Верзијата на Барнискен вклучуваше напредни одлики за уредување во боја преземени од првата испорачана верзија на „Adobe“. Ракувањето со боја полека се подобруваше со секое издание на „Adobe“ и „Photoshop“ брзо стана индустрија вообичаена за дигиталното уредување во боја. Во тоа време, излезе „Photoshop 1.0“, па дигитално ретуширање на специјално наменети „high end“- системи, како што е „SciTex“, чинеше околу 300 американски долари на час за едноставно ретуширање на слика.

Формат на податотека Податотеките на „Photoshop“ имаат стандардно се надоградуваат во „PSD“, кратенка од „Photoshop Document.“ Податотеката „PSD“ снима слика со поддршка за повеќето опции за слики достапни во „Photoshop“. Тие вклучуваат слоеви со маски, дијапозитив, текст, алфа канали и бои на места, делови од патеки и дуотон поставки. Ова се јавува како спротивност на многу други датотечни формати (на пр. „JPG“ или „GIF“) што ја ограничуваат содржината за да обезбедат рационализирана, предвидлива функционалност . Максималната висина и ширина на податотеката „PSD“ е 30 000 пиксели, а лимитот за должина е 3 гигабајти.

Податотеките „Photoshop“ понекогаш се надоградуваат во „PSB“, кратенка од „Photoshop Big“ (позната и како „large document format“). Податотеката „PSB“ го надоградува форматот на податотеката „PSD“, зголемувајќи ја максималната висина и ширина на 300 000 пиксели и лимитот на должината на околу 4 ексабајти. Изгледа дека „Adobe“произволно го избрала лимитот на димензијата, не врз основа на компјутерски аритметички ограничувања, туку за олеснување на софтверското тестирање. Форматите „PSD“ и „PSB“ се потврдени.

Поради популарноста на „Photoshop“, податотеките „PSD“ се користат многу и до некој степен се поддржани од повеќето софтвери за конкурирање. Форматот на податотеката „PSD“ може да се внесува и изнесува од други апликации на „Adobe“ како „Adobe Illustrator“, „Adobe Premiere Pro“, и „After Effects“, за да се направат професионални стандардни DVD-ја и да обезбеди нелинеарно уредување и услуги со посебни ефекти, како на пример, позадини, текстури и сл. за телевизија, филм и интернет. Првобитната силна страна на програмата „Photoshop“ е тоа што за разлика од уредувачите на слики врз основа на вектори, таа претставува уредувач на слики врз основа на пиксели. „Photoshop“ овозможува и уредување на векторска графика со помош на своите функции: „Paths“, „Pen tools“, „Shape tools“, „Shape Layers“, „Type tools“, „Import command“, и „Smart Object“. Овие алатки и команди се лесни за комбинирање слики направени врз основа на пиксели и слики направени врз основа на вектори во еден документ на „Photoshop“ бидејќи можеби нема да има потреба да се користи повеќе од една програма. За да се создаде сложена векторска графика со многу форми и бои, можеби ќе биде полесно ако се користи софтвер создаден токму за таа цел, како на пример, „Adobe Illustrator“ или „CorelDRAW“. И недеструктивните „Smart Objects“ на „Photoshop“ може да внесуваат сложени векторски форми.Cole, Clem, and Russell William. "Photoshop Scalability: Keeping It Simple." Communications Of The ACM 53.10 (2010): 32-38. Academic Search Premier. Web. 11 Mar. 2013..

Достапни јазици Програмата „Photoshop“ е достапна на повеќе од 20 јазици, а тоа се следните:

упростен кинески, традиционален кинески, чешки, дански, холандски, фински, француски, германски, унгарски, италијански, јапонски, корејски, норвешки, полски, португалски, руски, шпански, шведски, романски, турски и украински. Арапски и хебрејски се додадени на „Photoshop CS6“.

Додатоци

Функционалноста на „Photoshop“ може да се прошири со додадени програми наречени додатоци на „Photoshop“ (или додатоци). „Adobe“ создава некои додатоци, како што е „Adobe Camera Raw“, но компаниите што се јавуваат како трета страна развиваат повеќе додатоци, според барањата на „Adobe“. Некои од софтверите се бесплатни, а некои комерцијални. Повеќето додатоци работат само со „Photoshop“ или соодветни делови на „Photoshop“, но некои од нив можат да работат и како самостојни апликации.

Постојат различни видови додатоци, како на пример: филтер, изнесување, внесување, селекција, поправање на боја и автоматизација. Најпознатите додатоци се додатоците на филтер (познати и како додатоци 8bf ), достапни во менито на „Filter“ во „Photoshop“. Додатоците на филтер може да ја променат вообичаената слика или да создадат содржина. Подолу се наведени неколку познати видови додатоци и неколку добро познати компании поврзани со нив: Додатоци за поравање на боја („Alien Skin Software“, „Nik Software“, „OnOne Software“, „Topaz Labs Software“, „The Plugin Site“, итн.) Додатоци за посебни ефекти („Alien Skin Software“, „Auto FX Software“, AV Bros., „Flaming Pear Software“, итн.) Додатоци за 3D ефекти („Andromeda Software“, „Strata“, итн.)

„Adobe Camera Raw“ (познат уште како „ACR“ и „Camera Raw“) е посебен додаток кој „Adobe“ го нуди бесплатно и кој пред сѐ се користи за читање и обработување на формат на необработена слика за сликите што се појавуваат да може да се обработуваат со „Photoshop“. Таа може да се користи и во границите на „Adobe Bridge“.

Алатки

Додека се вчитува „Photoshop“, на левата страна на екранот се појавува вертикална лента со различни алатки кои имаат многубројни функции за уредување слики. Овие алатки обично се делат на категории: „цртање“; „сликање“; „мерење и навигација“; „селектирање“; „пишување“; и „ретуширање“. Некои алатки имаат мал триаголник во долниот десен агол на иконката во лентата со алатки. Тие може да се прошират за да се покажат слични алатки. Иако се создаваат понови верзии на „Photoshop“ со цел да се вклучат нови алатки и одлики, подолу се разгледуваат неколку постојани алатки кои ги има во повеќето верзии.

Алатката „pen“ „Photoshop“ има повеќе верзии на алатката „pen“. Алатката „pen“ прави прецизни линии кои може да се поправаат притоа користејќи точки за зацврстување. Алатката „free form pen“ му овозможува на корисникот да црта линии со слободна рака, а со алатката „magnetic pen“ , нацртаната линија се прилепува блиску до контурите на предметите на една слика, што многу помага при нивно издвојување од позадината.

Мерење и навигација Алатката „eyedropper“ избира „боја“ од еден селектиран дел од сликата и тој дел го дава како примерок за идна употреба. Алатката „hand“ управува со сликата така што ја движи во секаква насока, а алатката „zoom“ го зголемува селектираниот дел од сликата со што овозможува таа да се гледа од поблизу.

Селектирање Со користење на алатка „path selection“, можеме да селектираме јазли на линијата на движење.

Сечење Алатката „crop“ може да се користи за избирање на одредена површина од сликата и отфрлање на деловите кои не спаѓаат во избраниот дел. Оваа алатка помага при создавање на главна точка на една слика и отстранување на непотребниот или вишокот на простор. Сечењето овозможува подобрување на составот на сликата додека големината на податотеката се намалува. Алатката „crop“ е дел од палетата на алатки, која се наоѓа на десната страна од документот. Откако ќе го намести показникот на сликата, корисникот може да го влече до посакуваниот дел. Откако ќе се притисне копчето „Enter“, површината што е надвор од правоаголникот, ќе се отсече. Површината што е надвор од правоаголникот е вишок и нејзиното отстранување овозможува да се намали големината на податотеката. Алатката „crop“ алтернативно може да се користи за зголемување на димензиите на платното со кликнување и влечење надвор од веќе постоечките рабови на сликата.

Режење Алатките „slice“ и „slice select“, како и алатката „crop“, се користат за издвојување делови од сликата. Алатката „slice“ може да се употреби за делење на сликата на различни делови, а овие делови може да се употребат како делови од дизајн но мрежно место откако ќе се применат „HTML“ и „CSS“. Алатката „slice select“ овозможува да се уредат и преместат изрежаните делови од сликата.

Преместување Откако еден дел од сликата ќе се селектира, алатката „move“ може да се употреби за селектираниот дел рачно да се премести каде било на платното.

Маркирање