Горан Менков (роден на 5 декември 1987, Скопје, Македонија) — македонски ликовен уметник. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, (педагошки отсек, насока сликарство) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во класата на професорот Рубенс Корубин.
Некои од неговите најзначајни изложувања се на IX и X „Биенале на Млади“ при Музејот на Современа уметност, Скопје, и на „Зимскиот Салон 2014“ на ДЛУМ,,а воедно бил и добитник на наградата „ Експериментален Цртеж“ за 2013 доделена од страна на уметничкиот совет на ДЛУМ. Менков за првпат на глобалната ликовно уметничка сцена, употребил мувла како сликарска техника за создавање на современи ликовно уметнички дела. Овие експериментални „Мувлосани слики“ ги изложил на неговата самостојна изложба Бајата Уметност, Хибернација , Скопје, Македонија, 2013.
Во 2013 Менков ја претставувал Република Македонија на VII Франкофонски Игри кои биле одржани во Ница, Франција, од 6-15 септември. Тој бил член на официјалната Македонска Делегација ( Ликовна Уметност, Сликарство) и зема учество на Културните манифестации при VII Франкофонски Игри во Ница.
Во мај 2014 како заслуга за наградата „Експериментален цртеж“ 2013, ДЛУМ ја организирал изложбата Експериметален Цртеж- Линија, Трета Димензија, на наградениот автор Горан Менков, во галерискиот простор на Домот на Армијата.
Дополнително во 2014 Менков е номиниран за престижната ДЕНЕС- награда за млад ликовен уметник на годината, организирана од страна на Центарот за Современи Уметности-Скопје, во соработка со Фондацијата за Цивилно Општество од Нујорк. Наводи
Надворешни врски Goran Menkof at behance.net
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски сликари Категорија:Членови на ДЛУМ Категорија:Добитници на награди за уметност Категорија:Апсолвенти на Факултетот за ликовни уметности - Скопје