Мириц () — поранешен округ во јужниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Бил именуван по езерото Мириц. Се граничел со (од запад надесно) окрузите Пархим, Гистров, Демин, Мекленбург-Штрелиц, слободниот град Нојбранденбург и округот Источен Пригниц-Рупин во Бранденбург. Округот бил распуштен при административната реформа во септември 2011. Округот бил приклучен кон новиот округ Мекленбуршка Езерска Област.
Географија
Округот Мириц се протегал на западната половина на Езерската Област Мириц и Националниот парк Мириц. Езерото Мириц има површина од 117 км²; тоа е второ најголемо езеро во Германија веднаш зад Боденското Езеро, но и најголемо езеро кое целосно се наоѓа во Германија.
Историја
Округот бил создаден на 12 јуни 1994 со спојување на претходните окрузи Ребел и Варен и неколку општини од окрузите Малхин и Нојштрелиц. Овој округ бил споен со Мекленбург-Штрелиц и поголемиот дел од Демин при административната реформа во септември 2011, за да го создадат новиот округ Мекленбуршка Езерска Област.
Грб
100п|ГрбГрбот покажува бикова глава во горниот лев дел, претставувајќи ги принцовите од Верле. Орелот-рибар во десниот дел го прикажува природното богатство во округот. Градскиот бедем долу со четири ѕидови ги претставува четирите града во округот, а брановитата линија во градската порта Езерската Област Мириц.
Градови и општини
Слободен град Варен (Мириц) Општински заедници1. Малхов Алт Шверин Финфзен Герен-Лебин Малхов1, 2 Носентинер Хите Пенков Зилц Валов Цислов 2. Пенцлинер Ланд Анкерсхаген Круков Лапиц Малин Меленхаген Пенцлин1, 2 Пухов3. Ребел-Мириц Алтенхоф Болевик Буххолц Битов Финкен Готун Грабов-Белов Грос Келе Киве Лерц Лајцен Лудорф Масов Мелц Приборн Рехлин Ребел (Мириц)1, 2 Шварц Зитов Штир Фиперов Вреденхаген Цепков4. Езерска Област Варен[седиште: Варен] Грабовхефе Грос Дратов Грос Гивиц Грос Пластен Хинрихсхаген Хоен Вангелин Јабел Каргов Клинк Клоксин Ланзен-Шенау Молцов Ној Гарц Пенехаген Шлен Швинкендорф Торгелов ам Зе Фархентин Филист Фолратсруе1седиште на општинската заедница;2град
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Поранешни окрузи во Мекленбург-Западна Померанија