Амигдалинот е цијаноген гликозид изолиран од семето на бадемот. Освен бадемот, и некои други видови од родот Prunus содржат амигдалин како кајсијата (Prunus armeniaca).
Од 1950-те амигдалинот и неговата изменета форма летрил или витамин Б17 биле промовирани како лекови против рак. Меѓутоа, овие соединенија во никаква смисла не претставуваат витамини, а студиите покажале дека се неефективни во третманот на рак.
Категорија:Гликозиди Категорија:Растителни токсини