Галешово (Голешово, Голешовска Река или Галешова Река; , Стравопотамос) — река во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција.
Имиња Името на реката Галешово е изведено од *Галеш- од зборот гал, „црно“ и -еш. Сродни се месните имиња Белеш, Жъ̀лтеш, како и романските топоними Galeș и Galeșu. Галесово е од грчкиот изговор на Галеш-. Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, ја споменува реката како Голесинос (Γολέσινος) или Голесовон (Γολέσοβον).
Во 1969 г. реката со указ е преименувана во Ласпорема (Λασπόρεμα). Истата година, притоката Бавина (Μπάβινα) е преименувана во Сиганорема (Σιγανόρεμα).
Течение Извира од планината Одре, југозападно од костурското село Ланга. Според Георги Христов, главниот извор е на самата планинска висорамнина, наречен Глава Вода или Рупата. Најпрвин тече на север, па свртува на североисток и минува низ областа Костенарија, покрај селата Вичишча (Ники), Лудово (Крија Нера), Старичани (Лакомата), Госно (Лаханокипи), па на крај се влева во реката Бистрица како нејзина десна притока.
Револуционерот Георги Христов напишал за реката:
Притоки → лева, ← десна ← БоазСпоред топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“ → Вичишка Река ← Марчишта (Жулишта, Тулиште,), Жадна река) → Гирци Ливади → Милитопски Трап ← Селишта → Соишта (Сојца) → Смоква → Бавина (Калугери) → Осман Беј (Пикри) ← Бодацина
Поврзано Голешово — село во Светиврачко, Пиринска Македонија
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Реки во Грција Категорија:Костур (округ) Категорија:Рупишта Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Притоки на Бистрица (Егејска Македонија) Категорија:Одре