Суровичево (, Димос Аминдеу) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Суровичево (Аминдео). Општината ги опфаќа селата во најсеверниот дел на котлината Сариѓол (Кајларско Поле) околу Петерското и подрачјето на запад од Островското Езеро. Според традиционалното сметање, општината опфаќа дел од Леринско, помал дел од Кајларско и едно село од Костурско.

Населени места Општината Суровичево е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на шест стари општини: Суровичево, Ајтос и Чалџиево и општинските целини Мокрени, Лехово и Невеска.

Општинска единица Ајтос Општинската единица е со седиште во Ајтос и ги опфаќа следниве општински оддели и населени места: мини|лево|Поранешната општина Ајтос на картата на некогашниот округ Лерин. мини|десно|Поглед на Зелениче. Општински оддел Ајтос село Ајтос (Αετός, Аетос) Општински оддел Горицко село Горицко (Αγραπιδιές, Аграпидиес) Општински оддел Долно Неволјани село Долно Неволјани (Βαλτόνερα, Валтонера) Општински оддел Зелениче село Зелениче (Σκλήθρο, Склитро) Општински оддел Љубетино село Љубетино (Πεδινό, Педино) село Прекопана (Περικοπή, Перикопи) Општински оддел Рудник село Рудник (Ανάργυροι, Анаргири) Општински оддел Свети Тодор село Свети Тодор (Черкезќој; Λιμνοχώρι, Лимнохори) Општински оддел Сребрено село Сребрено (или Сребрени; Ασπρόγεια, Аспрогија)

На територијата на општинската единица е и напуштеното Ново Село (Άνω и Κάτω Νέα Κόμη, Ано и Като Неја Коми).

Општинска единица Лехово мини|лево|Поранешната општина Лехово на картата на некогашниот округ Лерин. Општинската единица има само едно населено место — селото Лехово (Λέχοβο).

Кон територијата на општинската единица Лехово е присоединет и атарот на некогашното село Врапчин (Χειμαδιό, Химадио), срушено во 1980 г.

Општинска единица Мокрени мини|десно|Поранешната општина Мокрени на картата на некогашниот округ Лерин. Општинската единица има само едно населено место — селото Мокрени (Βαρικό, Варико). Ова е единственото костурско село во општината.

Општинска единица Невеска мини|десно|Поранешната општина Невеска на картата на некогашниот округ Лерин. Општинската единица има само едно населено место — селото Невеска (Νυμφαίο, Нимфео).

Општинска единица Суровичево Општинската единица ги опфаќа следниве општински оддели и населени места: мини|лево|250п|Училиштето во Долно Врбени. мини|десно|Поранешната општина Суровичево на картата на некогашниот округ Лерин. Општински оддел Суровичево град Суровичево (Αμύνταιο, Аминдео) населба Аналипси (Ανάληψη) село Сотир (Σωτήρας, Сотирас) Општински оддел Долно Врбени село Долно Врбени (само Врбени или Екши Су; Ξινό Νερό, Ксино Неро) Општински оддел Горничево село Горничево (Κέλλη, Кели) Општински оддел Гулинци село Гулинци (Ροδώνας, Родонас) Општински оддел Петерско село Петерско (Πέτρες, Петрес) Општински оддел Пателе село Пателе (Άγιος Παντελεήμονας, Агиос Пантелејмонас) Општински оддел Спанци село Спанци (Φανός, Фанос) Општински оддел Церово село Церово (Κλειδί, Клиди)

Општинска единица Чалџиево До 20-те години на XX век селата имале исклучиво турско население, кое по Лозанскиот договор е иселено во Турција, а на негово место доаѓаат понтиски Грци. Опшинската единица Чалџиево со седиште во Чалџиево (Филотас) ги опфаќа следниве општински оддели населени места: мини|десно|Поранешната општина Чалџиево на картата на некогашниот округ Лерин.

Општински оддел Чалџиево село Чалџиево (Чалџилар; Φιλώτας, Филотас ) Општински оддел Елевиш село Елевиш (Λεβαία/Λακκιά, Левеја/Лакија) Општински оддел Коларица село Коларица (Μανιάκι, Мањаки) Општински оддел Ќоселер село Ќоселер (Αντίγονος, Антигонос) Општински оддел Муралар село Муралар (или Моралар; Πελαργός, Пеларгос) Општински оддел Нови Град село Нови Град (Βέγορα, Вегора) Општински оддел Уклемеш село Уклемеш (или Келемез; Φαράγγι, Фаранги)

Поврзано Општина Лерин Општина Преспа

Наводи

Категорија:Општини во Егејска Македонија Категорија:Лерин (округ)