Жаклина Глигориевска - Кочоска — македонска сликарка.
Животопис
Жаклина Глигориевска - Кочоска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на Рубенс Корубин.
Творештво Жаклина Глигориевска - Кочоска учествувала на околу 80 групни изложби во Македонија и во странство, а имала и неколку самостојни изложби. На 3 јуни 2014 година,во галеријата "МЦ" во Њујорк, била отворена нејзината шеста самостојна изложба, насловена како: "Долго врне во волшебниот свет". На изложбата, организирана од Националната галерија на Македонија со поддршка на министерството за култура, биле претставени 27 дела од нејзиното поново творештво."Жаклина Глигориевска - Кочоска излага во Њујорк", Дневник, година XVIII, број 5481, вторник, 3 јуни 2014, стр. 20.
Жаклина Глигориевска - Кочоска е добитник на наградата „Вангел Коџоман“.Објавено на mia.mk
За делото Inevitable restart ја добила наградата за најдобар цртеж која Друштвото на ликовни уметници на Македонија ја доделува во рамките на традиционалната изложба „Експериментален цртеж“ отворена во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.
Наводи
Категорија:Македонски сликари Категорија:Сликарство Категорија:Македонско сликарство