мини|280 п|десно|Статуа од времето на Кикладската цивилизација Киклади (грчки: Κυκλάδες) се острови во јужниот дел на Егејско Море, југоисточно од копнениот дел на Грција, но во близина на поголемиот остров Евбеја и полуостровот Атика. Кикладите во целост се во состав на грчката држава и до 2011 година беа во округот на периферијата Јужен Егеј. Управно седиште на префектурата и центар на островите е градот Ермополи на островот Сирос. Кикладите ги сочинуваат голем број на мали острови, приближно 220, од кои поголемиот број се ненаселени. Зафаќаат површина од 2.572 квадратни километри и население од околу 120.000. Најзначајни острови се:
Аморгос Анафи Андрос Антимилос Антипарос Делос Јарос Иос Кеја Кимолос Китнос Макронисос Милос Миконос Наксос Парос Санторини Серифос Сифнос Сикинос Сирос Тинос Тиразија Фолегандрос
Категорија:Архипелази во Грција Категорија:Егејски Острови Категорија:Региони во Грција Категорија:Архипелази во Средоземното Море