Пајонија (, Димос Пеонијас) — општина во централниот дел Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Гуменџе. Населените места традиционално се сметаат за гуменџиски, кукушки или ениџевардарски (пазарски). Општината е наречена по некогашната горномакедонска област Пајонија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Населени места Општината Пајонија е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“ со спојување на општините - Ашиклар (Европос), Бојмица (Аксиуполи), Гуменџе (Гумениса) и Ругуновец (Поликастро), како и општинската целина Голема Ливада (Ливадија).
Општинска единица Ашиклар мини|лево|Поранешната општина Ашиклар на картата на некогашниот округ Кукуш. Општинската единица Ашиклар со седиште во Ашиклар (Европос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Бојмија:
Општински оддел Ашиклар село Ашиклар (или Ашиклари, Шиклари, Шиклара; Ευρωπός, Европос)
Општински оддел Бубаќево село Бубаќево (или Баба Ќој; Μεσιά, Месја)
Општински оддел Кушиново село Кушиново (Πολύπετρο, Полипетро)
Општински оддел Петрово село Петрово (или Петрево; Άγιος Πέτρος, Агиос Петрос)
Општински оддел Тумба село Тумба (Τούμπα)
Општинска единица Бојмица мини|десно|Поранешната општина Бојмица на картата на некогашниот округ Кукуш. Општинската единица Бојмица со седиште во Бојмица (Аксиуполи) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Бојмија:
Општински оддел Бојмица град Бојмица (Αξιούπολη, Аксиуполи) село Извор (Πηγή, Пиги)
Општински оддел Горгопик село Горгопик (Γοργόπη, Горгопи)
Општински оддел Карасинанци село Карасинанци (Πλάγια, Плагија)
Општински оддел Љумница село Љумница (или Лумница; Σκρα, Скра) село Купа (Κούπα)
Општински оддел Мајадаг село Мајадаг (Φανός, Фанос)
Општински оддел Оризарци село Оризарци (Ρύζια, Ризија) село Валгаци (Валгат; Καμποχώρι, Камбохори) село Дабово (Βαλτοτόπι, Валтотопи)
Општински оддел Сехово село Сехово (Ειδομένη, Идомени) село Алчак (Χαμηλό, Хамило) село Шљопинци (Δογάνης, Доганис)
Општинска единица Голема Ливада десно|мини|Поранешната општина Голема Ливада на картата на некогашниот округ Кукуш. Општинската единица Голема Ливада се состои од само едно населено место — селото Голема Ливада (Λιβάδια, Ливадија).
Општинска единица Гуменџе мини|десно|Поранешната општина Гуменџе на картата на некогашниот округ Кукуш. Општинската единица Гуменџе со седиште во Гуменџе (Гумениса) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Бојмија:
Општински оддел Гуменџе град Гуменџе (Γουμένισσα, Гумениса)
Општински оддел Баровица село Баровица (Καστανερή, Кастанери)
Општински оддел Крива село Крива (Γρίβα, Грива)
Општински оддел Либаово село Либаово (или Либахово; Φιλυριά, Филирија) село Геракарци (Γερακώνας, Гераконас)
Општински оддел Петгас село Петгас (или Петг’с; Πεντάλοφο, Пендалофо) село Рамна (Ομαλό, Омало)
Општински оддел Тушилово село Тушилово (Στάθης, Статис)
Општински оддел Црна Река село Црна Река (Κάρπη, Карпи)
Општинска единица Ругуновец мини|десно|Поранешната општина Ругуновец на картата на некогашниот округ Кукуш. Општината е создадена во 1986 г. со спојување на општините Ругуновец и Вардино. Општинската единица Ругуновец со седиште во Ругуновец (Поликастро) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Бојмија:
Општински оддел Ругуновец град Ругуновец (или Кара Суле; Πολύκαστρο, Поликастро) село Спанчово (или Спанчево; Λατομείο, Латомио)
Општински оддел Аматово село Аматово (Άσπρος, Аспрос)
Општински оддел Вардаровци село Вардаровци (Αξιοχώρι, Аксиохори) село Ада Тепе (Νέο Σιράκιο, Нео Сиракио)
Општински оддел Вардино село Вардино (или Вардено; Λιμνότοπος, Лимнотопос) село Нова Кавала (Νέα Καβάλα, Неја Кавала) село Ситарија (Σιταριά) село Хрисокамбос (Χρυσόκαμπος)
Општински оддел Драгомир село Драгомирци (или Драгомир, Βαφιοχώρι, Вафиохори) село Беглериево (Беглерија или Бејлери, (Ξηρόλακκος, Ксиролакос) село Гаваљанци (Βαλτούδι, Валтуди) село Казаново (Κοτύλη, Котили) село Коџа Омерли (Χερσοτόπι, Херсотопи)
Општински оддел Ересели село Ересели (или Ресели; Ποντοηράκλεια, Пондоираклија) село Арџан (или Хараџиново; Κάστρο, Кастро)
Општински оддел Колиби село Колиби (Ειρηνικό, Иринико или Καλύβια Γιαννελλαίων, Каливија Ѓанелеон)
Општински оддел Крастали село Крастали (Κορώνα, Корона)
Општински оддел Мачуково село Мачуково (Εύζωνοι, Евзони) село Бајалци (Πλατανιά, Платанија) место Стражарница (Τσολιάδες, Цолијадес) — место на граничниот премин село Чидемли (Μεταμόρφωση, Метаморфоси)
Општински оддел Ореовица село Ореовица (или Ореховица; Πευκοδάσος, Певкодасос)
Општински оддел Смол село Смол (Μικρό Δάσος, Микро Дасос)
Поранешни населени места На територијата на денешната општина Пајонија се наоѓале и следниве поранешни села:
Баракли Бекирли Грипа Даутли Девџели Добромир Древено Карпин Кодру Мушат Мала Ливада Падалиште Ниризините Паљори Селиште Селиштето Романово Трици Курци Хаџи Бајрамли Цигарево Чанга
Поврзано Пајонија — древномакедонска област Бојмија Кукуш (општина) Список на села во Кукуш
Наводи
Надворешни врски Портал на Општина Пајонија
Категорија:Општини во Егејска Македонија Категорија:Пајонија