Бург Штаргард (; полапски: Stargart) — град во округот Мекленбуршка Езерска Област, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на 8 километри југоисточно од Нојбранденбург. Градот некогаш претставувал главен град на Грофовијата Штаргард, додека денес е административно седиште на општинската заедница Штаргардер Ланд.

Знаменитости во градот се: најсеверниот германски замок на рид, локалниот музеј за историјата на замокот, стариот дел на градот, изложба на Мари Хагер и зоолошката градина.

Историја

Замокот е првпат споменат во 1170, како Штаргарт (Stargart), што значи „стар замок“ во полапскиот јазик. Наводно, Епископијата Хафелберг му го пренела замокот на манастирот Брода при неговото основање, но вистинскиот документ е изгубен; местото е запишано како Штарегарт (Staregart) во подоцнежен документ, кој веројатно потекнува од 1244. Ernst Eichler and Werner Mühlmer (2002), Die Namen der Städte in Mecklenburg-Vorpommern, Ingo Koch Verlag, Rostock, ISBN 3-935319-23-1 Наводно за да се избегне забуна со други градови именувани Штаргард, градот е познат како Бург Штаргард од 1929. Helge bei der Wieden (ed., 1996), Handbuch der Historischen Stätten Deutschlands: Mecklenburg/Pommern. Stuttgart, 1996. ISBN 3-520-31501-7. pages 12–13

Од почетокот на век, трговци и занаетчии започнале да се населуваат околу замокот, започнувајќи ја засилената колонизација на поранешните словенски области и стекнал важност како седиште на Грофовијата Штаргард, именувано по замокот. Меѓутоа, не постојат археолошки пронајдоци за поранешните словенски населби во областа. Замокот, денес, е најсеверниот замок на рид во Германија и најстара секуларна градба во Мекленбург-Западна Померанија.

Во 1259, Бранденбург му доделил на Штаргард градски права. На венчавката на Хајнрих II во 1292, Грофовијата било дадено како мираз од Асканиската династија на принцовите, кој подоцна станале мекленбуршки војводи, а Штаргард станал резиденција на принцовите на Мекленбург-Штаргард, гранка на мекленбуршката династија, помеѓу 1352 и 1471. Според Sächsischer Lehnsabhängigkeit, Карло IV, свер римски цар, му доделил царска непосредност на регионот на 16 октомври 1347, подоцна доделувајќи ја територијата како феуд на мекленбуршките принцови.

Во текот на Триесетгодишната војна, замокот служел како седиште на Јохан Церклас Тили, генерал на царските сили, подоцна станувајќи седиште на војводската администрација. Градот настрадал во општиот пад на областа по завршувањето на Триесетгодишната војна. Во 1758 голем пожат во голем дел го уништил градот; претставувајќи опаѓање на богатството на градот, губејќи го своето локално значење.

Во текот на Германската револуција, се промениле политичките граници во областа, постоејќи две општински заедници во Штаргард и Штрелиц. Helge bei der Wieden (1976) Grundriß zur deutschen Verwaltungsgeschichte. ISBN 3-87969-128-2

Во 1929, градот Штаргард бил преименуван во Бург Штаргард, за да се направи разлика од другите имењаци, делумно поради соседниот Штаргард во Померанија (Stargard in Pommern), сега Старгард Шчеќињски во Западнопоморското Војводство во Полска, тогаш во пруската Покраина Померанија. На 10 јануари 1934, двете општински заедници биле споени во округот Штрелиц со седиште во Нојштрелиц, подоцна именуван како Штаргард. Gesetz des Staatsministeriums über die Neugliederung von Kreisen v. 10.01.1934 (Reg.Bl. f. Meckl. 1934, page 13) Овие административни граници важеле до нивното повторно прекројување во 1952 во Источна Германија. Dabei wurde u.a. die Stadt Fürstenberg/Havel von Mecklenburg nach Brandenburg überwiesen. - Vgl. „Gesetz über Änderung von Grenzen der Länder“ v. 28. Juni 1959. (GBl. der DDR, 1950, Nr. 75, S. 631) sowie Durchführungs-VO (GBl. der DDR, 1950, Nr. 78, S. 659-660)

Во текот на Втората светска војна, Еврејки од Полска, Советскиот Сојуз и Франција биле држени во Немеровер Холц, подкамп на концентрацискиот камп Равенсбрик, каде се произведувале летечки бомби Фау-1. Во април 1945, кампот Валдбау бил испразнет и затворениците биле приморани на смртоносен марш до Малхов, каде преживеаните биле ослободени од Црвената армија.

По повторното обединување на Германија, започнало спроведување на програмата за урбан развој на градот, со обнова на замокот и стариот дел на градот, иако тој повторно започнал да се распаѓа.

Замокот е главна туристичка знаменитост во областа, со прекрасни погледи од кулата и организирање на разни настани, како витешкиот турнир. Во јули 2009, се организирал тридневен фестивал по повод 750-годишнината од доделувањето на градските права.

Познати луѓе

Мари Хагер (1872-1947) — сликарка од Штаргард. Карл Фридрих Штолте (1824-1897) — наставник Јохана Бекман (1868-1941) — сликарка Карл Лудвиг Кристијан Римкер (1788-1862) — архитект и астроном

Спорт

Бург Штаргард има повеќенаменски спортски клуб, „Бург Штаргард 09“, со околу 400-тина спортисти распоредени во фудбал, ракомет, одбојка и атлетика.

Меѓународни односи

Бург Штаргард е збратимен со следниве градови:

Марне, Шлезвиг-Холштајн, Германија, од 1990 Тихово, Западнопоморско Војводство, Полска, од 2006

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Мекленбуршка Езерска Област (округ) Категорија:Градови во Мекленбург Категорија:Населени места основани во 13 век