Цензурирано е американски филм од 2007 година, во режија на Брајан де Палма. Главните улоги ги играат: Патрик Керол, Роб Девени и Изи Диаз. Филмот бил добитник на наградата „Сребрен лав“ на Филмскиот фестивал во Венеција.

Содржина Филмот претставува потресно остварување за стравотиите во војната во Ирак. Во центарот на приказната е силувањето на едно малолетно девојче од страна на американските војници. Филмот е снимен во документаристички стил, при што режисерот дава приказ на начинот на кој американските медиуми известувале за војната во Ирак, со посебен осврт на блоговите и интернет-новинарството.Антена, број 827, 2.5.2014, стр. 27.„Трогателна воена драма во документаристички стил“, Антена, број 844, 29.8.2014, стр. 3.

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на Брајан де Палма Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Филмови на англиски јазик