Штавенхаген () — град во округот Мекленбуршка Езерска Област, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на 28 километри северозападно од Нојбранденбург. Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Градски единици
Штавенхаген е поделен на следниве делови:
Амтсбринк Базепол Клоков Келпин Нојбаухоф Прибенов Штавенхоф Вистграбов
Историја
мини|лево|Замок Штавенхаген (барокен замок) мини|лево|Барокна тулна црква во Штавенхаген
Градот е првпат споменат во 1230 под името Штовенхаге (Stovenhage).
Градот бил уништен кон крајот на Триесетгодишната војна во 1648. Големи пожари во 1727 и 1746 исто така уништиле големи делови од градот.
Денешниот замок Штавенхаген (Schloss Stavenhagen) бил изграден во 1740 на основите на претходната тврдина. Градската црква била повторно изградена помеѓу 1774 и 1790, а новото градско собрание било подигнато во 1788. Првата лагер пиварница во Мекленбург била основана во Штавенхаген во првата половина на век.
Фриц Ројтер, познат писател (неговите дела биле помеѓу најпродаваните во неговото време), е роден во 1810 како син на градоначалник. Ројтер е сметан како еден од најзначајните писатели во долногерманската книжевност.
Во 1864, Штавенхаген бил поврзан со железничката мрежа, но железничката линија подоцна била размонтирана како дел од репарациите по Втората светска војна.
Индустрискиот развој кон крајот на век придонел за отворање шеќерана, парна воденица, фабрика за тули, електрична станица, болница и противпожарна станица.
Од 1960, градот поседува музеј посветен на Фриц Ројтер (Fritz-Reuter-Literaturmuseum).
Националната народна армија на Источна Германија поседувала воена база во Базепол од 1974.
Знаменитости
Книжевен музеј „Фриц Ројтер“ и неговиот споменик пред самата зграда Замок Штавенхаген Старата синагога, една од неколкуте во Мекленбург кои ја преживеале нацистичкото време
Познати луѓе
Анке Бемер — спортист Берт Папенфус-Горек — писател Фриц Ројтер — писател Ралф Бартелс — спортист Рик Штавенхаген — пивар
Меѓународни односи
Штавенхаген е збратимен со следниве градови:
Прец (Холштајн), Шлезвиг-Холштајн, Германија (од 1990) Вердол, Северна Рајна-Вестфалија, Германија (од 1990) Шилале, Литванија (since 1994)
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Книжевен музеј „Фриц Ројтер“ Синагога Штавенхаген
Категорија:Мекленбуршка Езерска Област (округ) Категорија:Градови во Мекленбург Категорија:Населени места основани во 13 век