Пархим () — поранешен округ во југозападниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Северозападен Мекленбург, Гистров, Мириц, округот Пригниц во Бранденбург, округот Лудвигслуст и слободниот град Шверин. Округот бил распуштен при административната реформа во септември 2011 година. Неговата територија е дел од новосоздадениот округ Лудвигслуст-Пархим.

Географија

Најголем дел од округот е земјоделски насочен, но во најисточниот дел се наоѓаат неколку езера, од кои најголемо е Плауското Езеро (39 км²). Плауското Езеро е дел од Езерската Област Мириц.

Историја

Во 1994 трите окрузи Пархим, Штернберг и Либц биле споени во новиот округ Пархим. Границите на овој нов округ биле скоро исти како на средновековното кнежевство Пархим-Рихенберг, кое постоело помеѓу 1238 и 1316. Овој округ бил споен со округот Лудвигслуст при административната реформа во септември 2011 година, создавајќи го новиот округ Лудвигслуст-Пархим.

Грб

180п|ГрбГрбот прикажува глава на бик, кој е симбол на поранешното грофовија Пархим, како и на Мекленбург во кое било припоени во 1471. Двата сини агли ги претставуваат двете најголеми езера во округот — Шверинското и Плауското Езеро.

Градови и општини

Слободен град Пархим Општински заедници1. Банцков Банцков1 Плате Зуков 2. Кривиц Барнин Билов Кривиц1, 2 Демен Фридрихсруе Трам Цапел 3. Елденбург Либц Галин-Купентин Гишов Гранцин Херцберг Карбов-Фитлибе Крајен Крицов Либц1, 2 Лутеран Марниц Пасов Зигелков Зуков Тесенов Валсторф Вердер4. Голдберг-Милдениц Дистелов Добертин Голдберг1, 2 Местлин Ној Позерин Техентин Вендиш Варен 5. Источен брег на Шверинското Езеро Камбс Добин ам Зе Гневен Годерн Ланген Бриц Лецен1 Пинов Рабен Штајнфелд 6. Пархимер Умланд[седиште: Пархим] Дам Домзил Гребин Грос Годемс Грос Ниндорф Каренцин Левицранд Ром Зеверин Шпорниц Штолпе Цигендорф Целков7. Плау ам Зе Баркхаген Бухберг Ганцлин Плау ам Зе1, 2 Вендиш Приборн 8. Штернбершка Езерска Област Бланкенберг Борков Брил2 Дабел Хоен Приц Кобров Кулен-Вендорф Ланген Јархов Мустин Штернберг1, 2 Вајтендорф Вицин Царенсдорф1седиште на општинската заедница;2град

Надворешни врски

Категорија:Поранешни окрузи во Мекленбург-Западна Померанија