Дона (Донка) Ковачева е родена во 1855 година во селото Паралово, Босилеградско (денес во Србија). Рано останува вдовица. Таа станала јатак на комитите, а нејзината куќа во Ќустендил била собиралиште на многу македонски комити. Таму се складирале облека и оружје за четниците, ноќевале нелегални дејци на организацијата, и оттаму тргнувале чети за Македонија. Во нејзината куќа посетители биле Даме Груев, Пере Тошев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и други револуционери. Дона Ковачева починала во 1926 година во Ќустендил.
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Македонски преселници во Ќустендил Категорија:Родени во 1855 година Категорија:Починати во 1926 година Категорија:Македонци во Србија