Градоначалникот на Прилеп ја застапува и ја претставува општината. Тој се избира на непосредни и слободни избори на секои четири години.
Надлежности на градоначалникот Градоначалникот на Прилеп ги има следниве надлежности: ја претставува и застапува општината; ја контролира законитоста на прописите на советот; ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината; го обезбедува извршувањето на одлуките на советот; го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината; иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот; го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината; го извршува буџетот на општината; избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс; редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот; решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон; донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација; раководи со општинската админстрација; одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон; обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и врши други работи утврдени со закон и со статутот на општината.
Список на Градоначалници на Прилеп мини|десно|Општина Прилеп според територијалната поделба од 2004-2013 мини|десно|Општина Прилеп според територијалната поделба од 2013
Име СликаВо служба Избран во Политичка партија Глигор Иваноски 1996 2000 1996 ВМРО-ДПМНЕ Сашо Пирганоски 2000 2005 2000 СДСМ Марјан Ристески 2005 2017 200520092013 ВМРО-ДПМНЕ Илија Јованоски 2017 2021 2017 СДСМ Борче Јовчески 2021 2025 2021 ВМРО-ДПМНЕ Дејан Проданоски 2025 сега 2025 ВМРО-ДПМНЕ
Наводи
Категорија:Општина Прилеп Категорија:Градоначалници од Македонија