Визалтија (, Димос Визалтијас) — општина во Серскиот Округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Нигрита. Подрачјето на општината приближно се совпаѓа со она што традиционално се смета за Нигритско (Нигридско).

Општината е наречена по некогашната долномакедонска област Визалтија (Бисалтија), согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Оваа област ја опфаќала територијата помеѓу реката Струма и Тахинското Езеро на исток и Крестонија на запад.

Населени места Општината Визалтија е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“ со спојување на четири стари општини: Визалтија, Нигрита, Тахино (Ахинос) и Черкезќој (Трагилос).

Општинска единица Визалтија мини|десно|Поранешната општина Визалтија на картата на некогашниот округ Сер. Општинската единица Визалтија со седиште во Димитрич ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Димитрич село Димитрич (Δημητρίτσι, Димитрици)

Општински оддел Авдамал село Авдамал (или Авдаман; Σησαμία, Сисамија)

Општински оддел Копач село Копач (или Копачи, Копач Маала; Βέργη, Верги)

Општински оддел Макеш село Макеш (Άμπελοι, Амбели)

Општински оддел Махмутли село Махмутли (или Махмуџи, Τριανταφυλλιά, Триандафилија)

Општински оддел Мерјан село Мерјан (Λυγαριά, Лигарија)

Општински оддел Нигослав село Нигослав (Νικόκλεια, Никоклија)

Општински оддел Суха Бања село Суха Бања (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви; претходно Ξυλότρος, Ксилотрос)

Општинска единица Нигрита мини|десно|Поранешната општина Нигрита на картата на некогашниот округ Сер. Општинската единица Нигрита ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Нигрита град Нигрита (Νιγρίτα)

Општински оддел Бајрактар село Бајрактар (или Бајрактар Маала; Φλάμπουρο, Фламбуро)

Општински оддел Л’џа село Л’џа (Θερμά, Терма)

Општински оддел Фиток село Фиток (Ανθή, Анти)

Општински оддел Черпишта село Черпишта (Τερπνή, Терпни)

Општинска единица Тахино мини|десно|Поранешната општина Тахино на картата на некогашниот округ Сер. десно|мини|Кавак Општинската единица Тахино со седиште во Џинџос (Ситохори) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Џинџос село Џинџос (Σιτοχώρι, Ситохори)

Општински оддел Ежово село Ежово (Δάφνη, Дафни) село Кизили (Ορέσκεια, Орескија)

Општински оддел Жервохор село Жервохор (Ζερβοχώρι, Зервохори)

Општински оддел Кавак село Кавак (Λευκότοπος, Левкотопос)

Општински оддел Патрик село Патрик (Πατρίκι, Патрики)

Општински оддел Тахино село Тахино (Αχινός, Ахинос)

Општински оддел Хункос село Хункос (или Хумкос; Χουμνικό, Хумнико) село Сајта (Λαγκάδι, Ланкади)

Општинска единица Черкезќој мини|десно|Поранешната општина Черкезќој на картата на некогашниот округ Сер. Општинската единица Черкезќој со седиште во Мунух (Мавроталаса) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Мунух село Мунух (Μαυροθάλασσα, Мавроталаса)

Општински оддел Гајдарохор село Гајдарохор (Αηδονοχώρι, Ајдонохори)

Општински оддел Ниверо село Ниверо (Ίβηρα, Ивира)

Општински оддел Кучос село Кучос (Ευκαρπία, Евкарпија)

Општински оддел Омур Беј село Омур Беј (или Умур Беј; Καστανοχώρι, Кастанохори)

Општински оддел Стара Бања село Стара Бања (или Палиотрос; Άγιος Δημήτριος, Агиос Димитриос)

Општински оддел Черкезќој село Черкезќој (или Черкез Маала; Τράγιλος, Трагилос)

Поврзано Бисалтија Серско Поле Список на села во Сер

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Визалтија

Категорија:Општини во Егејска Македонија