Вотски (vađđa ceeli или maaceeli – исто така vaďďa tšeeli, maatšeeli) — балтофински јазик, дел од групата на уралски јазици. Јазикот е мајчин јазик на Вотите во Ингрија, Русија. Јазикот единствено се зборува во селата Краколје и Лужици. Јазикот е при изумирање. Според податоците од 1989 година, јазикот го зборувале само 62 лица, а најмладиот е роден во 1938 година.
Дијалекти Вотскиот јазик имал 4 главни дијалекти, од кои денес само западниот останал. Дијалектите биле: западни, регионот на устието на реката Луга источни, во селата околу Копорје кукузиски, мешавина од ижорански и вотски, а се зборувал во селото Кукузи кревински дијалект, во Латвија
Правопис Јазикот немал унифициран правопис. Така за јазикот се користеле бројни правописи. Некои лица користеле изменета кирилица, а некои латиница. Правописот заснован на латиница бил сличен со останатите правиписи на другите фински јазици.
Наводи
Дополнителни информации
Надворешни врски
Вотски јазик на „Староседелски малцински јазици во Русија“ Виртуелна Вотија Црвена книга на народите во Руската Империја
Категорија:Балтофински јазици Категорија:Јазици во Русија Категорија:Загрозени уралски јазици Категорија:Ингрија