Томас Милер (германски: Thomas Müller) — германски фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Бајерн Минхен и на германската репрезентација
Кариера Клупска Роден е на 13 септември 1989 година во Вајлхајм, град во Јужна Баварија.
Милер му се приклучил на Бајерн Минхен во 2000, на само 10 години, и се развивал во Бајерновата фудбалска школа. За резервната екипа на Бајерн, Милер го направи своето деби во март 2008 година против SpVgg Unterhachin. Во дебито постигна гол и одигра два натпревари во сезоната 2007-08, пред да биде повреден.
Наредната сезона Бајерновите резерви се квалификува за новоформираната 3. Лига и Милер стана еден од клучните играчи - настапи во 32 од 38 натпревари, постигна 15 гола и стана петтиот стрелец на сезоната. Загра и за првиот тим во пријателски претсезонски натпревари, а првиот Бундеслигашки настап го имаше на 15 август 2008 година против ФК Хамбург. Тој имаше три настапи во Бундеслигата таа сезона; а со тоа го направи своето деби во Лигата на Шампионите на 10 март 2009, влегувајќи во 72 минута, наместо Швајнштајгер, каде го победи ФК Спортинг 7:1. Го постигна последниот гол за Бајерн во тој натпревар.
Во почетокот на сезоната 2009/10 често играше во првата постава на Бајерн Минхен, додека во август 2009 е повикан во германската У-21 репрезентација, дебитирајќи со 3:1 победа против Турција.
Репрезентациска Дебитирал за репрезентацијата во натпреварот против Аргентина.
Признанија
Бајерн Минхен
Бундеслига Шампион 2010 Освајувач на ДФБ Куп Финалист на Лига на Шампиони
Германија
Светско првенство во фудбал 2010 трето место
Поединечно
Добитник на златна копачка 2010 Најдобар млад играч 2010
Наводи
Надворешни врски Профил на Transfermarkt.de Статистика на Fussballdaten.de
Категорија:Германски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Фудбалери на ФК Ванкувер Вајткапс Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1989 година