Зеланд (холандски: Zeeland, зеландски: Zeêland) — покраина во Холандија. Зеланд е најзападната покраина во Холандија, која се наоѓа во југозападниот дел на државата. Покраината е составена од поголем број острови во близина на Белгија. Главен град на покраината е Миделбург. Зеланд има вкупно население од околу 380.000 жители, и вкупна површина од 2,930 км2, од кои 1,140 км2 се вода.
Зеланд на холандски значи „морска земја“, односно името се однесува на местоположбата и самата географска структура на покраината. Поголем дел од Зеланд е под надморска височина. Последната голема поплава во регионот била во 1953. Главна стопанска гранка во покраината е туризмот. Океанската држава Нов Зеланд е именувана по оваа покраина.
Географија
Покраината Зеланд е голема речна делта на неколку реки, меѓу кои Шелда, Рајна и Меза. Поголем дел од покраината е под надморската височина и дел од копното било повратено со тек на времето (водата се повлекувала, приридно или вештачки). Луѓето граделе вештачки брда, кои со тек на времето станувале суви острови.
Општини Борселе Гус Капеле Миделбург Норд-Бевеланд Рајмерсвал Слаус Схаувен-Дауфеланд Тернеузен Толен Фере Флисинген Хулст
Демографија Покраината има население од 380.186 жители и густина на население од 210 жители на километар квадратен. Таа е 12 најголема покраина во државата по население и 11 најнаселена во Холандија
Наводи
Надворешни врски
Службена страница на Зеланд Туристичко биро на Зеланд Зеланд на Википатување
Категорија:Покраини во Холандија