Плау ам Зе () — град во округот Лудвигслуст-Пархим, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на 28 километри источно од Пархим и на 29 километри западно од Варен. Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Во близина на градот постои заштитена шума наречена Градска шума Плау (Plauer Stadtwald). Помеѓу знаменитостите во градот се црквата, урнатините на замокот Плау и подвижниот мост на реката Елде, кој им овозможува на бродовите во каналот да поминат под него.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Лудвигслуст-Пархим Категорија:Градови во Мекленбург Категорија:Населени места основани во 13 век