Просечен или Пресечен (, Димос Просоцанис) — општина во Драмскиот Округ на Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Административен центар е градот Просечен (Пресечен). Сместена е северозападно од градот Драма. Позначајна знаменитост во општината е пештерата Маара (Ангитис) кај изворот на реката Драматица (Ангитис).

Населени места Општината Просечен е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“ со спојување на поранешните општини Просечен и Минаре.

Општинска единица Просечен мини|десно|Поранешната општина Просечен на картата на некогашниот округ Драма. мини|десно|Поглед на Просечен Општинската единица ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Просечен село Просечен (или Пресечен; Προσοτσάνη, Просоцани) Општински оддел Боболец село Боболец (Πύργοι, Пирги) Општински оддел Горенци село Горенци (Καλή Βρύση, Кали Вриси) Општински оддел Граменци село Граменци (Γραμμένη, Грамени) Општински оддел Калапот село Калапот (Πανόραμα, Панорама) Општински оддел Карлуково село Карлуково (или Карликово; Μικρόπολη, Микрополи) Општински оддел Кобалишта село Кобалишта (Кубалишта, Кобалица; Κοκκινόγεια, Кокиногија) село Нов Калапот (Αγγίτης, Ангитис) село Мезе (или Меше, Πηγές, Пигес) Општински оддел Криводол село Криводол (или Егри Дере; Καλλιθέα, Калитеја) Општински оддел Плевна село Плевна (Πετρούσσα, Петруса) село Ставрос (Σταυρός) Општински оддел Пршово село Пршово (или Пршево; Ανθοχώρι, Антохори) Општински оддел Ресилово село Ресилово (Χαριτωμένη, Харитомени)

На територијата на општинската единица се наоѓало и напуштеното село Кочан (Κοντσάν, Коцан).

Општинска единица Минаре мини|десно|Поранешната општина Минаре на картата на некогашниот округ Драма.

Општинската единица Минаре со седиште во Фотилово (Фотоливос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Фотилово село Фотилово (или Сачивен; Φωτολίβος, Фотоливос) Општински оддел Голак село Голак (Περιχώρα, Перихора) село Голачки манастир „Св. Мина“ (Άγιος Μηνάς) Општински оддел Голем Сивендрик село Голем Сивендрик (или Г. Севендрик, Г. Семендрик; Μεγαλόκαμπος, Мегалокамбос) Општински оддел Каракавак село Каракавак (Μαυρολεύκη, Мавролевки) Општински оддел Мал Сивендрик село Мал Сивендрик (или М. Севендрик, М. Семендрик; Μικρόκαμπος, Микрокамбос) Општински оддел Минаре село Минаре (Σιταγροί, Ситагри) Општински оддел Чал село Чал (Αργυρούπολη, Аргируполи)

Поврзано Маара Драматица Драмско Поле Список на села во Драма

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Просечен

Категорија:Просечен (општина)