мини|десно|Кружница со Полупречник или радиус на еден круг, кружница или сфера — отсечка која се протега од нејзиниот центар до нејзиниот раб. Полупречникот на една кружница или сфера е должината на таа отсечка. Тој претставува половина пречник. интерактивен
Еден круг (кружница, сфера) има безброј многу отсечки-полупречници, но сите ја имаат истата должина! Таа должина исто така се вика полупречник. (По дефиниција, кружница е множеството на сите точки кои се со истото растојание R од една точка, т.е. центарот.) Физичка величина за полупречник е должина. За означување на полупречникот на една кружница или сфера се користи буквата R или r или самото растојание. 650pxРазни означувањa на полупречник на кружницата со соодветен периметар
Соодносот помеѓу полупречникот R и пречникот D на една кружница е или Соодносот помеѓу полупречникот R и периметарот L на една кружница е или Соодносот помеѓу полупречникот R и плоштината P на една кружница е или
Обопштување Повоопштено, во геометријата, инженерството, теоријата на графови и многу други случаи, полупречникот на нешто (на пр. цилиндар, многуаголник, граф или пак механички дел) е растојанието од неговиот центар или оска на симетрија до неговиот раб. Во овој случај, радиусот може да изнесува повеќе од половина пречник.
Други формули со полупречник За прeсметување на полупречникот на една кружница која поминува низ три точки , може да се примени следнава формула: каде е аголот и e должината на тетивата AC.
Наводи
Поврзано Пречник, Тетива Круг, Кружница, Сфера, Цилиндар Периметар, Обем Поларен координатен систем, Цилиндричен координатен систем, Сферичен координатен систем
Надворешни врски Геогебра наредба: Кружница Геогебра алатка: Кружница со центар и радиус Геогебра алатки за кружница и кружен лак
Категорија:Математика Категорија:Геометрија Категорија:Елементарна геометрија Категорија:Математичко образование