Шенберг () — град во округот Северозападен Мекленбург, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на 16 километри источно од Либек и 7 километри од Дасовското Езеро. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Шенбергер Ланд.

Историја

Првото официјално спомнување на градот Шенберг било во 1219 година, а кратко подоцна станал резиденција на Епископијата Рацебург.

Шенберг бил окупиран од Црвената армија и станал дел од Источна Германија. Во близина на железничката станица во градот се наоѓаат советски гробишта.

Збратимени градови

Шенберг е збратимен со следниве градови:

Рацебург, Шлезвиг-Холштајн, Германија, од 1990 Фергеланда, Шведска, од 2005

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Северозападен Мекленбург Категорија:Градови во Мекленбург