Игрите на гладните () — американски филм, режиран од Гери Рос а заснован на книгата Игрите на гладните од Сузан Колинс. Филмот е првото остварување во тројната литературна франшиза. Главните улоги ги толкуваат Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон.

Приказна

Приказната е заснована во пост-апокалиптичка држава наречена Панем, која е поделена на дистрикти (реони). Главниот град на Панем е Капитол, а Панем е опкружен со 12 дистрикти. Секоја година од секој дистрикт се бираат по две жртви, таканаречени трибути. Се бираат по два трибути од секој дистрикт, момче и девојче, кои се форсирани да се борат да преживеат во арена сè со цел угледните луѓе од Капитол да бидат забавувани а со тоа и воедно да се задоволат потребите на Капитол. Откако Прим Евердин ќе биде одбрана како трибут на 74. годишни игри, нејзината сестра Кетнис Евердин ќе се пријави како волонтер сè со цел да ја заштити сестра си.Николовска, Ивана. „Игрите на гладните“ Сакам Книги Преземено на 25 јули 2014.

Глумечка екипа

Џенифер Лоренс, во улога на Кетнес Евердин. Џош Хачерсон, во улога на Пита Меларк. Лиам Хемсворд, во улога на Гејл Хаутом. Вуди Харелсон, во улога на Хејмич Абернати. Елизабет Бенкс, во улога на Ефи Тринкет. Лени Кравиц, во улога на Сина. Стенли Тучи, во улога на Цезар Фликермен. Доналд Сатерленд, во улога на Сноу. Вес Бентли, во улога на Синека Крејн. Вилоу Шиалдс, во улога на Примроуз Евердин.

Маркетинг, издавање и заработка

Првиот трејлер за филмот беше издаден на 29 август 2011."Конечно трејлер за The Huger Games" 30-08-2011 Интересно Преземено на 25 август 2014. Филмот беше закажан за официјална премиера на 23 март 2012. Филмот не беше прикажуван во македонските кина. На денот на премиерата, филмот заработил $67,263,650. Кината го прикажувале филмот сè до септември истата година, така што филмот успеал да заработи конечна бруто заработка од вкупно $691,247,768, односно 31,434,492,249 денари. 41% од бруто заработката, филмот ја здобил во странските кина односно заработил $283,237,076. Со оглед на тоа дека буџетот за филмот $78,000,000.00 односно 3,547,050,000 денари а заработил 31,434,492,249 денари, филмот се смета за најпрофитабилното филмско остварување за 2013. Остварувањето успеало да му донесе на студиото вкупна заработка од 27,887,442,249 денари.

Продолжение

После успехот на првиот филм, Лајансгејт најави дека продолжетокот на првото филмско остварување, насловено како Игрите на гладните: Раѓање на огнот, треба да ја доживее својата премиера во ноември 2013.

Наводи

Надворешни врски

The Hunger Games at The Numbers

Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски научнофантастични филмови Категорија:Психолошки трилери Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови со Доналд Сатерленд Категорија:Филмови на Lions Gate Entertainment Категорија:Филмови од 2012 година