мини|десно|Плимна табела за аквариумот „Монтереј Беј“
Плимна табела (плимна карта) — предвидување кое ги покажува дневните периоди и висини на плимата и осеката, најчесто за точно определена меатоположба. Висините на плимите за време на меѓупериодите (периодот меѓу плима и осека) може приближно да се пресмета со користење на правилото на дванаесетки или попрецизно со употреба на објавена плимна крива за таа местоположба.
Објавување и обем
Плимните табели се објавуваат во најразлични облици, како табели на хартија и табели достапни на семрежјето. Повеќето плимни табели се пресметани и објавени само за големите пристаништа, наречени и „стандардни пристаништа“, и се со времетраење од една година — стандардните пристаништа можат да бидат близу едни до други или пак оддалечени стотици километри. Периодите на плимите и осеките за малите пристаништа се пресметуваат со употреба на објавени периоди и висинските разлики меѓу „стандардни“ пристаништа и помалите пристаништа.
Датуми и периоди
Датите на појава на високите плими и ниските плими, отприлика во периоди од седум дена, можат да се определат од висинара на плимите во класичните табели за плими и осеки: мал обем ги означува осекитедодека голем ги означува плимите.
На атлантското крајбрежје на северозападна Европа, периодот меѓу секоја плима и осека е со просечен период од 6 часа и 10 минути, со што се добиваат секојдневно две плими и две осеки.
Пресметки
Предвидувањето на плимите било обременето со сложени пресметки, и во периодите пред употребата на дигиталните сметачи, табелите се добиваа со употреба на специјало наменски пресметковни машини наречени плимомери.
Поврзано Плимомер
Наводи
Надворешни врски Пресметка на плимите
Категорија:Плима и осека Категорија:Навигација