Александер Скарсгорд — шведски филмски и телевизиски глумец.
Животопис мини|лево|А. Скарсгорд во 2011 г. Александер Скарсгорд е најстариот син на познатиот шведски глумец Стелан Скарсгорд. Пред камерите се појавил уште на 13-годишна возраст. Кога наполнил 19 години се пријавил во шведската армија, каде отслужил 18 месеци во единицата за антисаботажа и антитероризам. Александер, кој е висок 194 сантиметри, своевремено бил во врска со глумицата Кејт Босворт, но се разделиле во 2011 година.Антена, број 835, 27.6.2014, стр. 6-7.
Творештво мини|лево|А. Скарсгорд во 2010 г. Својата прва улога, Александер Скарсгорд ја имал уште на 13-годишна возраст, во серијата „Кучето што се смее“, со која станал славен во Шведска. Поради притисокот на популарноста, Александер се откажал од глумата и направил пауза од седум години. Подоцна, тој стекнал светска слава со улогата на вампирот Ерик Нортман, во телевизиската серија „Вистинска крв“ (True blood), која се прикажувала на каналот „HBO“. Исто така, тој играл и во мини-серијата “Генерација на убијци”, каде го толкувал ликот на Бред „Ајсмен“ Колберт. Во 2009 година, тој се појавил во видео спотот за песната „Папараци“ (Paparazzi) на Лејди Гага (Lady Gaga). Покрај улогите во телевизиските серии, Александер Скарсгорд глумел и во повеќе филмови, како што се: “Меланхолија”, „Неповрзан“, „Исток“ и „Што знаеше Мејси“. мини|десно|А. Скарсгорд на телевизиски фестивал во 2009 г. Наводи
Категорија:Шведски глумци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1976 година Категорија:Луѓе од Стокхолм