300px|мини|Поглед кон седиштето на банката Словенечка извозна и развојна банка (словенечки: Slovenska izvozna in razvojna banka, SID banka) претставува државна институција за осигурување и финансирање на извозот, како и поддршка на претприемништвото и економскиот развој, воопшто. Банката е во целосна државна сопственост.

Историја Со цел да се обезбеди осигурување и финансирање на извозот, во 1992 година Словенија формирала посебна јавна институција за оваа намена, под името: "Словенечко друштво за осигурување и финансирање на извозот на Словенија" (Slovenska izvozna družba za zavarovanje in financiranje izvoza Slovenije). Покрај со поддршка на извозот, таа се занимавала и со поддршка на претприемништвото, односно на економскиот развој на Словенија. Затоа, во 2006 година институцијата била преименувана во Словенечка извозна и развојна банка (SID). Во истата година, SID добила дозвола од Централната банка на Словенија за обезбедување банкарски и други финансиски услуги за потребите на словенечките претпријатија.

Сопственичка структура Основачкиот капитал на банката изнесува 300 000 090,70 евра, а Република Словенија е единствениот сопственик. На крајот од 2011 година, сопственичката структура на банката била следна:

Табела 1. Сопственичка структура на SID (31 декември 2011)SID, Annual Report of SID Bank and SID Bank Group for 2011 Акционери Број на акции Учество во сопственоста (во %) Република Словенија 3 103 296 99,4 Сопствени акции на SID банката 18 445 0,6 Вкупно 3 121 741 100

Мисија, визија и цели Мисијата, визијата и основните цели на SID банката се слично дефинирани како и оние на KfW банката за мали и за средни претпријатија, со нагласување на определени сектори во кои Словенија има компаративни предности. Долгорочните развојни цели на банката се однесуваат на следниве области: Меѓународни бизнис-трансакции и меѓународна економска соработка; Развој на мали и средни претпријатија и на претприемништвото; Истражување, развој и иновации; Заштита на опкружувањето, енергетска ефикасност и климатски промени; Регионален развој; Комерцијална и јавна инфраструктура.

Активности и финансирање Сите услуги на банката се поделени во неколку групи (именувани слично како и целите), при што како основен приоритет се нагласува развојот на општество на знаење и иновативно претприемништво. Во актите на банката се нагласува нејзината активност во областа на финансирањето на интернационализацијата на малите и средни претпријатија, во поддршката на финансирањето на истражувањето и развојот и на иновациите на малите и средни претпријатија, регионалниот развој во чии рамки малите и средни претпријатија имаат централно значење итн. Основните извори на средства на SID се: средства на Владата на Словенија, средства од европските фондови, средства од Европската инвестициска банка, и издавање долгорочни хартии од вредност на меѓународниот финансиски пазар.

Наводи

Категорија:Банки во Словенија