Надворешната каротидна артерија е гранка на заедничката каротидна артерија, од која се одделува во вратот. Нејзини гранки се: горна штитна артерија, јазична артерија, лицева артерија, нагорна голтникова артерија, потоа во паротидната ложа се одделуваат тилната и задната ушна артерија, а во висина на collum mandibulae се грани на горновилична и површинска слепоочна артерија. Надворешната каротидна артерија со своите гранки учествува во васкуларизацијата на ткивата и органите во главата и вратот: усната празнина, плунковите жлезди, голтникот, гркланот, штитната и паратироидните жлезди.

Категорија:Артерии