Меше на годината: поема со масни наслаги — збирка куси раскази на македонскиот писател Иван Шопов, објавена во 2012 година од издавачката куќа “Темплум”.
Технички податоци Збирката „Меше на годината“ е објавена како 101 книга од библиотеката „Магма“. Таа има 91 страница и е испечатена во мек повез и со мал формат (17 сантиметри). Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, со ознаката ISBN 978-608-4658-10-8. На предната корица е ставена слика од Жан Арп, на крајот од книгата има список на изданијата во рамките на библиотеката „Магма“, додека на задната корица е даден кус осврт врз делото и куса биографија на авторот. Книгата е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија.Иван Шопов, Меше на годината: поема со масни наслаги, Темплум, Скопје, 2012.
Содржина Збирката „Меше на годината“ содржи предговор, напишан од авторот, 33 нумерирани песни во проза, еден расказ насловен како „Награда за животно дело“, како и 25 куси раскази без наслови, кои условно можат да се наречат гатанки.
Наводи
Категорија:Дела на Иван Шопов Категорија:Изданија на Темплум Категорија:Македонски дела од 2012 година Категорија:Книги од 2012 година Категорија:Македонски раскази