Шашави ракази е збирка раскази на чешкиот писател Јарослав Хашек, објавена во 2011 година од издавачката куќа „Темплум“. Преводот од чешки јазик е направен од Маргарета Карајанова. мини|Јарослав Хашек Технички податоци Збирката „Шашави ракази“ е објавена како 91 книга од библиотеката „Магма“. Таа има 159 страници и е испечатена во мек повез и со мал формат (21 сантиметар). Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, со ознаката ISBN 978-9989-189-94-4. На предната корица е ставена слика од Фернандо Ботеро (Fernando Botero), додека на задната корица е даден кус осврт врз делото и куса биографија на авторот. Книгата е финансирана од Министерството за култура на Република Македонија.Јарослав Хашек, Шашави раскази, Темплум, Скопје, 2011.

Содржина Збирката содржи вкупно 20 раскази, и тоа: 10 раскази плус 10 раскази од циклусот под наслов „Командантот на градот Бугулма“. На крајот од книгата се наоѓа текстот на Карел Косик, насловен како: „Швејк и Бугулма или раѓањето на големиот хумор“, како и освртот врз животот и творештвото на Хашек, под наслов: „Јарослав Хашек - Анархист на 21 век“.Јарослав Хашек, Шашави раскази, Темплум, Скопје, 2011. Во збирката се поместени следниве раскази: Финансиски проблеми Детален опис на сурова крими приказна Сонот на гимназијалецот Папоушек Кога почнав да пишувам Во друштво на библиофили Сериозна фирма За полицискиот пес и за брачната невера Старецот Јанчар Походот на разбојникот Шејба Психијатриска загатка Командантот на градот Бугулма Аѓутант на командантот на градот Патот на крстот Во стратешки неволји Славните денови на Бугулма Нови опасности Потемкинови села Неволји со заробениците Пред револуционерниот трибунал на источниот фронт Мало несогласување

Наводи

Категорија:Дела на Јарослав Хашек Категорија:Чешки раскази Категорија: Изданија на Темплум