Белата грофица (англиски: The White Countess) е филм во режија на Џејмс Ајвори. Главните улоги ги толкуваат: Наташа Ричардсон и Ралф Фајнс. Содржина Дејството на филмот се одвива во Шангај, во 1930 година. Софија е сиромашна руска грофица, која побегнала од својата земја поради Октомвриската револуција и граѓанската војна. Таа е принудена да работи како такси-возач и танчерка во бар за да преживее. Таму, таа го запознава слепиот дипломат Тод Џексон, кој отвора луксузен бар под името „Белата грофица“ и ѝ понудува на Софија да работи за него. Меѓу нив започнува да се развива чудна врска, која наеднаш е прекината поради јапонската инвазија на градот.Антена, број 839, 25.7.2014, стр. 16.Антена, број 847, 19.9.2014, стр. 16.Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 22.
Наводи
Категорија:Филмови со Наташа Ричардсон Категорија:Филмови со Ралф Фајнс Категорија:Филмови на Џејмс Ајвори Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2005 година