Филип Дејгнан (; ; р. ) — поранешен ирски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2018.
Поранешен олимпиец, Дејгнан освоил етапа на Вуелта а Еспања 2009 и завршил во првите десет во генералниот пласман.
Кариера Рана кариера
Дејгнан е роден во Летеркени, Донегол, каде првпат се натпреварувал на добротворна велосипедска трка во 1997 година.Првиот велосипедски вкус на Дејгнан Станал професионалец од 2005 година. Пред тоа, возел за аматерската екипа каде се покажал добро. На Џиробио (Џиро д’Италија за аматери) во 2004 година, по претходниот пад, се покажал добро на планинските етапи. Ја освоил последната етапа и генералниот пласман на Ронде де л’Изар 2004 како аматер. Негова прва професионална победа била на Тур ду Дубс, каде нападнал од бегството, во кое бил неговиот сонародник и тогашен колега Марк Сканлон. Други поголеми резултати биле деветтото место на Светското друмско првенство под 23 години, петтото место на Европското друмско првенство под 23 години и второто место на планинска етапа на Тур де л’Авенир 2006.
По повредата здобиена на почетокот на сезоната, Дејгнан настапил и ја завршил својата прва голема трка на Вуелта а Еспања 2007, каде имал завршници во првите 15 на неколку планински етапи.
Се квалификувал да ја претставува Ирска на Олимпијата во 2008 година.http://www.rte.ie/sport/olympics2008/deignanp.html RTÉ Sport: Irish Olympic Team – Philip DeignanBBC Sport: Beijing biker Завршил на 81. место на друмската трка (15 минути и 53 секунди зад победникот Самуел Санчес и пет минути зад сонародникот Николас Роуш). Дејгнан заедно со Роуш и Роџер Ајкен бил дел од ирската екипа за Светското првенство 2008 во Варезе. Никој од тројцата не ја завршиле трката.
Сервело Тест Тим (2009-2011)
upright|мини|лево|Дејгнан возел за Сервело во 2010 година
Во 2009 година, Дејгнан возел со . Настапил на Џиро д’Италија 2009, постигнувајќи една завршница во првите десет. На 17 септември 2009 ја постигнал својата прва победа на некој Гранд Тур, на етапата 18 на Вуелта а Еспања 2009 во Авила, по борбата со Чехот Роман Кројцигер од . Завршувајќи 10 минути пред групата се искачил на деветтото место во генералниот пласман. Станал првиот Ирец кој освоил етапа на некој Гранд Тур по последниот успех на Стивен Роуш на Тур де Франс во 1992.Дејгнан на пат кон првите 10 , RTÉ News, 18 септември 2009Историска победа за Дејгнан во Шпанија, RTÉ News, 17 септември 2009 Дејгнан бил избран да вози за Ирска на Светското првенство 2009, заедно со Николас Роуш и Даниел Мартин.Ирскиот состав за Светското првенство 2009 , Cycling Ireland, 10 септември 2009 Дејгнан го имал најдобриот ирски пласман со 40. место на друмската трка на Светското првенство.
РадиоШек (2011)
Било објавено дека болест ќе ја наруши неговата сезона во 2010 година. Во 2011 година потпишал со .Филип Дејгнан потпиша за РадиоШек, Cyclingnews, 12 октомври 2010
Јунајтед Хелткер (2012-2013)
По една сезона со РадиоШек, потпишал со за сезоната 2012. Дејгнен успеал да ја обнови својата кариера со екипата, победувајќи на Трката Џила во 2013 година и забележал завршници меѓу првите десет на трите најголеми американски трки, Трката околу Јута (6.), Трката околу Калифорнија (9.) и САД Про Сајклинг Челинг (10.).
Тим Скај (2013-2018)
Подоцна, Дејгнан објавил во 2014 година ќе вози за . Возел на Џиро д’Италија која започнала во Белфаст и одела до Даблин на воведните етапи. Дејгнан го повел Скај на Трката околу Полска, завршувајќи седми. Исто така, возел на Вуелта а Еспања, каде му помогнал на Крис Фрум да заврши втор.
Во ноември 2018 година, Дејгнан го објавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам.
Личен живот
Дејгнан се оженил со друмската велосипедистка Лизи Армитстид на 17 септември 2016 година.
Достигнувања
2003 7. Национално друмско првенство 2004 2. Национално друмско првенство под 23 години 4. Национално друмско првенство 2005 1. Тур ду Дубс 5. Европско друмско првенство под 23 години 9. Светско друмско првенство под 23 години 2009 7. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон 8. Џиро дел Мендрисиото 9. Краен пласман Вуелта а Еспања 1. Етапа 18 10. Краен пласман Вуелта а Бургос 2013 1. 20п Краен пласман Тур Џила 1. 20п Планински пласман 2. Краен пласман Тур де Бос 6. Краен пласман Трка околу Јута 9. Краен пласман Трка околу Калифорнија 10. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ 2014 7. Краен пласман Трка околу Полска 2015 5. Краен пласман Тур де Јоркшир
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро—7956—47——43—СО37 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур——————————— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта71—9СО———39———
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Ирски велосипедисти Категорија:Олимписки велосипедисти на Ирска Категорија:Луѓе од Летеркени Категорија:Ирски етапни победници на Вуелта а Еспања