Договорот на Насух-паша (, ) — мировен договор потпишан на 20 ноември 1612 година помеѓу Османлиското Царство и Сефевидското Царство, преку кој завршила првата фаза од Отоманско-персиската војна (1603–1618).

Заднина

Претходно, шахот Абас Велики морал да го потпише договорот од Цариград од 1590 година кога загубил територии во северозападниот дел на Иран и Кавказ. По решавање на сопствените локални проблеми тој чекал погоден момент кога да си ги врати изгубените територии, а како шанса му се укажала кога на османлискиот престол бил поставен 14-годишниот Ахмед I. Османлиите претходно војувале во долгата и исцрпувачка војна со Светото Римско Царство и имала серија од востанија во Анадолија.

Договор

Османлите и покрај тоа што во почетокот на војната имале успех, тие ги изгубиле своите команданти во Дијарбакир. Така Насух-паша морал да се согласи да потпише договор за прекин на војнатаProf.Yaşar Yücel-Prof Ali Sevim:Türkiye tarihi vol.III, AKDTYKTTK Yayınları, 1991, 43-44.

Според договорот: Османлиското Царство се согласило да ги врати сите територии кои ги добиле со договорот од Цариград во 1590 граничната линија станала линијата според договорот од Амасија од 1555 година за возврат Персија се согласила да плаќа годишен данок 59.000 килограми свилаShah Abbas however, committed himself to sent 59000 kilograms raw silk annually to the Ottoman King ... lifesciencesite.com.

Наводи

Категорија:Османлиско-персиски војни Насух-паша Насух-паша Категорија:Отоманското Царство во 17 век Категорија:Османлиски Цариград