мини|Холандска топографска карта на Валвејк, јули 2013
Валвејк () — град и општина во јужниот дел на Холандија, во покраината Северен Брабант. Градот се наоѓа близу автопатите А59 и Н261. Селата Капели, Врејхуве-Капеле, Спранг (поранешната општина Спранг-Капеле) и Васпик заедно со градот Валвејк ја создаваат општината Валвејк. Градот има старо градско јадро, кое неодамна било обновено.
Населени места Капеле Вријхуве-Капеле Спранг Валвејк Васпик
Град Валвејк
Валвејк е град во покраината Северен Брабант, кој се наоѓа помеѓу Тилбург и Хертогенбос. Валвејк бил познат по неговите чевлари.
Добил градски права во 1303 година. Професионалната фудбалска екипа РКЦ Валвејк игра во градот.
Валвејк е исто така познат по настанот „80 van de langstraat“, кој се одржува секој септември, на кој илјадници луѓе пешачат 80 километри низ сите градови во областа Лангстрат.
Галерија
Познати луѓе
Рене Миох — новинар Мартинус Велтман — добитник на Нобелова награда за физика во 1999 г. Франк ван Моселвелд — холандски фудбалер Олкај Гулсен — холандски моден творец Арјен ван Везенбек — тапанар
Меѓународни односи
Збратимени градови
Валвејк е збратимен со следниве градови:
Уна, Германија Хојнице, Полска
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Општини во Северен Брабант Категорија:Градови во Холандија Категорија:Населени места во Северен Брабант