Цветна формула е израз во кој деловите на цветот се означени со голема почетна буква со нивното латинско име: thumb|Формулата на Касел K (kalix) - чашка C (corolla) - венче P (perigon) - перигон A (androeceum) - андрецеум G (gynoeceum) - гинецеум

Други знаци кои се користат се: 0 - недостаток на одделни делови ~ - голем број на делови * - актиноморфен цвет % - зигоморфен цвет

Пример, цветната формула на шипинка е: * K5 C5 A~ G~ - цветот е актиноморфен, чашката е составена од 5 чашкини ливчиња, венчето е составено од 5 венечни ливчиња, андрецеумот се состои од голем број на прашници, гинецеумот се состои од голем број на плодни ливчиња.

Категорија:Цвеќиња