Османлиско-персиската војна од 1821–1823 е војна меѓу Османлиското Царство и ПерсијаMartin Sicker, The Islamic World in Decline: From the Treaty of Karlowitz to the Disintegration of the Ottoman Empire, (Praeger, 2001), 118. .
Конфликт
Претходно, по големиот пораз во Грузија во времето на Руско-персиската војна од 1804 до 1813 година, Абас Мирза сакал да ја модернизира својата армија. Тој испратил свои ученици во Англија за да ги научат западните воени техники и ги поканил на британските војски да ги обучат на неговите. Обновување на војната дошло во 1821 година поради бунтовничките племиња од Ирански АзербејџанA Global Chronology of Conflict: From the Ancient World to the Modern Middle, Vol.III, ed. Spencer C. Tucker, 1140.. Двете сили се сретнале во реонот на езерото Ван, а својата кулминација војната ја имала во Битката кај Ерзурум каде персиските сили победиле. Во следните години имало неколку немири, но војната целосно завршила со потпишување на договор во Ерзурум каде и двете страни ги признале претходните граници без територијални измени.
Наводи
Категорија:Османлиско-персиски војни Категорија:Судири во 1821 година Категорија:Судири во 1822 година Категорија:Судири во 1823 година Категорија:Отоманското Царство во 19 век