Фаустино Маркос Алберто Рохо (роден на 20 март 1990) — аргентински фудбалер, играч од одбраната на .

Клупска кариера Естудијантес ЛП Рохо пораснал во Ла Плата, Аргентина, и му се приклучил на локалниот клуб Естудијантес ЛП на десетгодишна возраст.

Во 2009, Рохо му се приклучил на првиот тим на клубот, откако го потпишал својот прв професионален договор. Тој поминал три години во клубот, во кои забележал 43 настапи и постигнал три гола.http://www.espnfc.com/player/129426/marcos-rojo, Marcos Rojo - Player Profile , ESPN FC

За време на неговиот престој во Естудијантес ЛП, Рохо ја освоил титулата во Копа Либертадорес како и титулата во првата лига на Аргентина. Рохо повеќето натпревари ги одиграл како лев бек и изградил репутација како вешт напаѓач, постигнувајќи го својот прв гол во поразот од 2–1 против ЛДУ Кито во Рекопа Судамерикана 2010.

Спартак Москва Во декември 2010, Рохо потпишал петгодишен договор со Спартак Москва. За неговите услуги покрај Спартак Москва биле заинтересирани и ЦСКА Москва, ПСВ Ајндховен, Палермо, Бенфика и Валенсија. Тој не успеал да се снајде во Москва и по една година се разделил со клубот.

Спортинг Лисабон Во јули 2012, Рохо се преселил од Спартак Москва во Спортинг Лисабон за 3,5 милиони фунти потпишувајќи четиригодишен договор. За клубот од Лисабон, Рохо одиграл вкупно 49 натпревари и постигнал 5 гола.

На 13 август 2014, било објавено дека Рохо бил казнет од клубот поради тоа што одбил да тренира откако било одбиено неговото барање да се пресели во Манчестер Јунајтед за 16 милиони фунти. На 19 август 2014, од Спортинг Лисабон и од Манчестер Јунајтед било потврдено дека Рохо ќе се пресели на Олд Трафорд за сума од 20 милиони евра (16 милиони фунти). Договорот бил предмет на медицинските и личните услови.

Манчестер Јунајтед На 20 август 2014, од Манчестер Јунајтед објавиле дека потпишале петгодишен договор со Рохо за 16 милиони фунти, додека пак Нани ќе се приклучи на Спортинг Лисабон на едногодишна позајмица. Поради проблеми со работната дозвола тој ги пропуштил првите три натпревари на Јунајтед во новата сезона, па на своето деби морал да чека до 14 септември кога го одиграк целиот натпревар во победата со 4-0 на домашен терен над Квинс Парк Ренџерс.

Репрезентативна кариера

Од 2011, Рохо е дел од сениорскиот тим на Аргентина. Својот прв натпревар во аргентинскиот дрес Рохо го одиграл на 9 февруари 2011 во пријателскиот натпревар против Португалија. Тој бил дел од составот на Аргентина на Копа Америка 2011 и на квалификациите за Светското првенство 2014.

Во јуни 2014, Рохо бил именуван во Аргентинскиот состав за Светското првенство 2014. Својот прв настап на светските првенства Рохо го забележал на натпреварот против Босна и Херцеговина на Маракана, натпревар кој Аргентина го добила со 2–1. Во последниот натпревар од групната фаза, Рохо го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата од 3–2 против Нигерија. Аргентина стигнала до финалето на првенството во кое загубила од Германија, а Рохо бил единствениот аргентинец кој бил именуван во идеалниот тим на првенството

Репрезентативни голови

Гол Датум Место Противник Гол Резултат Натпреварување 1 25 јуни 2014 Порто Алегре, Бразил 3–2 3–2 Светско првенство 2014

Успеси Клупски Естудијантес Ла Плата Копа Либертадорес: 2009 Аргентинска Примера Дивизион: 2010 Апертура

Аргентина Светско првенство во фудбал: Финалист 2014

Поединечни Идеален тим на Светско првенство: 2014

Наводи

Надворешни врски

Други проекти

Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалски централни дефанзивци Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Естудијантес Ла Плата Категорија:Фудбалери на ФК Спартак Москва Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Бока Хуниорс Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2014