„Влезот е од другата страна“ — збирка поезија од македонската поетеса Николина Андова, објавена во 2013 година во издание на „Темплум“. За оваа збирка, Андова ја добила наградата “Мостови на Струга” која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО за најдобра дебитантска книга.Наградата „Мостови на Струга“ за Николина Андова (пристапено на 21.8.2014)

Технички одлики Збирката е печатена во мал формат (17 сантиметри), во мек повез и има 77 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека Св.Климент Охридски - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-23-8. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата “Кома”.Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013. Книгата била официјално промовирана на 29 мај 2013 година, во Младинскиот културен центар во Скопје. За книгата зборувал Владимир Мартиновски, а стихови читале Ана Голејшка и Донка Батакоја.Промоција на книгата „Влезот е од другата страна“ на Николина Андова (пристапено на 21.8.2014)

Содржина Збирката „Влезот е од другата страна“ содржи 53 песни, распоредени во пет циклуси („Благословено е она што не можеме да го допреме“, „Таа е таква“, „Едноминутни сеќавања“, „Влезот е од другата страна“, и „Внимание“), а покрај нив, на крајот од книгата е дадена куса биографија на авторката. Во збирката се застапени следниве песни: Благословено е она што не можеме да го допреме, Лица, Глас, Дланки, Запирки, Сè е продупчено, Нашите лица се валкаат, Книга, Леб, Она што не сме биле, Сè, Зборови, Секогаш го пронаоѓам домот, Има предели, Брашно и ѕвезди, Ракопис, Сенки, Како кога два брода, Ништо, Кога моето детство е настинато, Се смалуваме, Меур, Излог, Патент, Тишина, Токму сега, Луѓето влегуваа, Таа е таква, Во нејзината машина, Среќа, Таа шета растрчана, Упатства, Згрозена од правта, На заминување, Како што некои луѓе, По мостовите, Се навраќавме, За пасвордот по Џибран, Ме фотографираш, Тешко дека ќе се изгубиме, Среде, Едноминутни сеќавања, Отворено, Кога бог ги празни џебовите, Бог меѓу другото, Богови скитници, Може ли, Влезот е од другата страна, Внимание, Дури и дождот, Вресок, Под стреите, и Лаксатив за песна.

Надворешни врски Песни од „Влезот е од другата страна“

Наводи

Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Дела на Николина Андова Шопова Категорија:Изданија на Темплум Категорија:Македонски дела од 2013 година Категорија:Појавено во 2013 година во Македонија Категорија:Книги од 2013 година